Лесни вежби од неколку минути за ослободување од замор и болка во нозете

Ретко кој некогаш не почувствувал замор, отекување и болка во нозете, посебно по напорната работна недела.

lesni-vezhbi-od-nekolku-minuti-za-osloboduvanje-od-zamor-i-bolka-vo-nozete-01.jpg

Овој проблем им е добро познат на оние кои долго време поминуваат стоејќи, но и на оние кои цел ден го поминуваат во седење.

За ослободување на болката и отоците постојат одлични вежби кои нема да ви одземат време, а ќе ви дадат добар резултат по редовно практикување.

Во продолжение, погледнете ги вежбите за кои ќе ви требаат неколку минути, а ќе се чувствувате попријатно во текот на денот:

Вежба 1

  • Застанете исправено со споени стапала.
  • Поткренете се на прсти највисоко што можете и останете во оваа положба 30 секунди.
  • Застанете на подот со цело стапало.
  • Повторете 5-10 пати.

lesni-vezhbi-od-nekolku-minuti-za-osloboduvanje-od-zamor-i-bolka-vo-nozete-02.jpg

Вежба 2

  • Направете исчекор со десната нога нанапред.
  • На левата нога свиткајте ги прстите и кренете го стапалото како на сликата.
  • Останете во оваа положба 30 секунди.
  • Повторете 5 пати со двете нозе посебно.

lesni-vezhbi-od-nekolku-minuti-za-osloboduvanje-od-zamor-i-bolka-vo-nozete03.jpg

Вежба 3

  • Застанете покрај ѕид и потпрете ги рацете на него.
  • Десната нога треба да стои назад и тежината да биде на прстите.
  • Потоа спуштете ја петата на подот и останете во таа позиција 30 секунди.
  • Повторете 3 пати со двете нозе посебно.

lesni-vezhbi-od-nekolku-minuti-za-osloboduvanje-od-zamor-i-bolka-vo-nozete-04.jpg

Вежба 4

  • Ставете тениско топче или специјално топче за масажа под средината на стапалото.
  • Вртете го топчето со стапалото од пета до прсти.
  • Повторете 50 пати со двете нозе.

lesni-vezhbi-od-nekolku-minuti-za-osloboduvanje-od-zamor-i-bolka-vo-nozete-05.jpg

Вежба 5

  • Седнете на подот, исправете го грбот и истегнете ги нозете нанапред.
  • Околу стапалата ставете еластична лента, чаршаф или било каква ткаенина со потребна должина.
  • Кренете ги нозете, држејќи ја лентата со двете раце и останете во оваа положба 30 секунди.
  • Повторете 5 пати.

lesni-vezhbi-od-nekolku-minuti-za-osloboduvanje-od-zamor-i-bolka-vo-nozete-06.jpg

Вежба 6

  • Легнете на подот покрај ѕид (под половината може да ставите ролна од пешкир)
  • Спуштете ги рацете покрај телото.
  • Кренете ги нозете нагоре така што ќе формирате агол под 90˚од телото.
  • Лежете во таа положба 15-20 минути.
  • Повторувајте 2-3 пати во текот на денот.

lesni-vezhbi-od-nekolku-minuti-za-osloboduvanje-od-zamor-i-bolka-vo-nozete-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg