Зошто НЕ хот-дог?
Хот – догот е најозборуван оброк. Се зборува дека е направен од сите остатоци од животни кои никој не би ги јадел. Што е вистината? Хот – догот можеби...
...не може да се спореди со Кордон – блу, но сепак не заслужува ваква репутација. Основната состојка и не е баш така страшна како што си мислиме.
Повеќето комерцијални хот – дог сендвичи се состојат од месо (говедско или свинско, понекогаш пилешко или мисиркино), брашно и трошки од леб, зачини. Тие состојки се ставаат во калап, се готват и се праќаат во продавниците.
Месарите кои произведуваат хот-дог не го користат најубавото месо, но сепак не користат остатоци наменети за отпад.
Месото е она кое најчесто останува во мали парчиња, малку помасно и се останато што е доволно примамливо за да се продаде.
Иако не содржат “страшни“ состојки за кои најчесто се зборува, сепак имате доволно причини за да не консумирате.
Полни се со конзерванси, вештачки бои, вештачки вкус и други хемикалии. Исто така содржат и нитрати кои го зголемуваат ризикот од срцев удар.