Туширање или топла купка: Што е подобро за здравјето?

По долгиот и напорен ден, опуштањето со мирислива купка во када звучи како навистина примамлива идеја. Во други прилики, пак, краткиот и освежувачки туш набрзина се чини како добитна варијанта за заштеда на време. 

tushiranje-ili-banjanje-shto-e-podobro-za-zdravjeto-1.png

На едни им е поомилена топлата купка, а на други туширањето. Што е всушност поздраво?

По мислење на експертите, туширањето е многу поздрава опција од бањата. Докторката Рејчел Назаријан, дерматолог од Њујорк, тврди дека иако купката може да им биде од полза на поединците кои имаат проблеми со кожата, за мнозинството луѓе и не е така добра идеја. Зошто?

tushiranje-ili-banjanje-shto-e-podobro-za-zdravjeto-2.jpg

„Единствената предност на топлата купка е што овозможува одредени состојки подобро да се впијат во кожата. Доколку имате воспалувања, купката може да ви помогне да ја смирите егземата. Инаку туширањето е далеку поздрава опција.“

Се препорачува и да не се капете подолго од 10 или 15 минути.

tushiranje-ili-banjanje-shto-e-podobro-za-zdravjeto-3.jpg

Kога се туширате, телото го изложувате на помала количина на вода. Прекумерната изложеност на вода ѝ штети на кожата, бидејќи ги измива природните мрснотии кои ја заштитуваат.

tushiranje-ili-banjanje-shto-e-podobro-za-zdravjeto-4.jpg

Таа станува сува и поподложна на пукање, иритации и воспаленија.

Доколку сепак го преферирате бањањето, пожелно е да користите купки со додаток на кокосово или маслиново масло, како би го минимизирале сушењето на кожата.

tushiranje-ili-banjanje-shto-e-podobro-za-zdravjeto-5.jpg

А, во двата случаи, важно e и редовно да ја хидратизирате, нанесувајќи лосион или масло за тело.

„При топла купка или туширање, кожата апсорбира влага. Ако средствата за хидратизација ги нанесете до 30 минути по миењето, влажноста полесно ќе се задржи. Со нивна редовна употреба, значително ќе си го подобрите здравјето на кожата. Сепак, избегнувајте ги оние со додадени мириси, бидејќи може да предизвикаат воспаленија и алергии.“

tushiranje-ili-banjanje-shto-e-podobro-za-zdravjeto-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg