Навики кои треба да ги стекнете за квалитетен сон и одмор
Не постои тајна за добар и квалитетен сон кој ќе ви помогне да бидете одморени и полни со енергија во текот на денот.
Но, постојат работи кои ако почесто ги практикувате, ќе ви помогнат во таа цел.
Според многу истражувања, навиките кои луѓето ги имаат пред спиење се погрешни и спречуваат да спиете мирно.
Затоа, спречете го тоа и обидете се што повеќе да ги применувате следниве навики кои ќе ви станат начин на живот:
1. Вежбајте наутро или преку ден, наместо навечер.
2. Изложете се на сончева светлина преку ден, бидејќи витаминот Д позитивно влијае на сонот.
3. Не практикувајте долги дремки преку ден и доколку мора, нека бидат максимум 20 минути.
4. Креветот нека ви биде само спиење, па ако работите од дома, избегнувајте да работите на кревет, за да може истиот да ве асоцира само на спиење и ништо друго.
5. Почнете да консумирате здрава и балансирана храна, бидејќи тоа игра голема улога во мирниот сон.
6. Последната шолја кафе нека ви биде во попладневните часови, или 5-6 часа пред спиење.
7. Избегнувајте длабоки и емотивни дискусии кои може да ве вознемират пред спиење.
8. Избегнувајте големи оброци барем 3 часа пред да си легнете.
9. Не заспивајте со телевизор, ниту пак со играње игри или гледање во телефон, бидејќи сината светлина од екраните го уништува сонот.
10. Направете си ритуали кои ќе ги практикувате секој ден пред спиење, како на пример – топла купка неколку часа пред спиење, медитација за смирување на умот, читање книга или лесна јога.
11. Не се обидувајте да се форсирате да заспиете, туку замислете си позитивни сцени во глава и ќе заборавите на принудното заспивање.
М. М. | Црнобело