Секогаш има очигледна причина за појава: 5 најголеми митови за анксиозноста
Ако во одреден период сте под стрес, тоа не значи дека страдате од анксиозност. Оваа состојба е многу подлабока и посериозна.
Постојат многу погрешни верувања околу анксиозноста.
Многу луѓе често го споменуваат овој термин без да размислат и воопшто не сфаќаат како им е навистина на луѓето кои страдаат од анксиозност.
Кој се најголемите митови за анксиозноста?
Ако сте под стрес од време навреме, тогаш страдате од анксиозност
Секој на моменти во животот се чувствува анксиозно. На пример кога седи на испит, на интервју за работа или прави некое сериозно медицинско испитување. Но, тоа е сосема нормално.
Анксиозноста е состојба од која едноставно можете да одлучите да се извлечете
Станува збор за ментална болест, која има огромно влијание врз вас и начинот на кој се чувствувате. Најлошата работа што можете да ѝ ја кажете на анксиозна личност е: „Само не мисли на тоа, сè е во твојата глава“.
Да го кажете тоа е исто како на некој со скршена нога да му кажете да застане на неа.
Секогаш постои очигледна причина зошто некој страда од анксиозност
Ова е многу комплексна болест и често е тешко да се процени зошто се појавила.
Советите упатени кон анксиозната личност дека нема зошто да се грижи може ќе ја смират малку, но тоа нема да ѝ ја тргне паниката настрана. Не е толку едноставно.
Анксиозноста е ментална болест, па нема физички ефекти
Да, ментална болест е, но некои од нејзините симптоми се мигрена, болки во стомакот, повраќање итн.
Кај секој се манифестира различно и не е чудно ако и физички страдате.
Анксиозноста сама од себе ќе исчезне
Ова може да се случи во некои случаи, но не е правило. Нема потреба да страдате во тишина и да чекате да помине.
Најдобро е да појдете на консултација кај доктор затоа што постојат специјални терапии и лекарства, кои ќе ви помогнат.
С. С. | Црнобело