Експеримент: Што ќе ви се случи ако ги послушате научниците и секој ден пиете по една чаша вино?
Сите го знаеме тврдењето дека една чаша вино, секој ден, има многубројни здравствени придобивки за телото. Исфрлањето на токсините и подобрување на работата на мозокот се едни од главните.
Но, ако пробате практично да го примените овој совет, можеби ќе откриете несакани последици.
Затоа, една девојка го спровела овој експеримент наместо вас, во времетраење од еден месец и сфатила дека „една чаша вино секој ден“ советот има вакви последици:
1. Проблеми со сонот
Иако претходно не патела од инсомнија и без никаков проблем заспивала околу 23 часот, после третиот ден од експериментот забележала дека и биле потребни дополнителни 15 минути за да заспие.
Исто така, честото будење навечер и посегнувањето по мобилниот телефон го направиле секојдневието потешко.
2. Потешкотии со концентрацијата
По завршувањето на експериментот, девојката забележала дека периодично ја губела енергијата и падот на концентрација станувал честа појава на работното место.
3. Дехидрираност
Во текот на експериментот, почнала да се буди среде ноќ за да пие минимум една чаша вода. Тоа никогаш претходно не ѝ се случувало.
4. Губење на желба за социјализација
За време на експериментот, се случувало повеќе да сака да ја испие чашата вино сама, отколку со блиски луѓе. Атмосферата повеќе не ѝ била толку пријатна како претходно, а желбата за социјализација се намалувала.
5. Проблеми со кожата
Алкохолот во комбинација со сите претходни точки, се одразил на здравјето на кожата. Па така, од нормална кожа, после само еден месец девојката се соочила со многу акни и црвенило по лицето и телото.
М. Д. | Црнобело