Ситници на кои заборавате, а може да ви ги ублажат пролетните алергии

Чешањето и печењето на очите, гребењето во грлото, постојаното кивање и нос кој тече... да, дојде тој период.

sitnici-na-koi-zaboravate-a-moze-da-vi-gi-ublazat-proletnite-alergii-001.jpg

Сите кои веќе подолго се борат со пролетните алергии ја имаат откриено терапијата која најмногу им одговара, но постојат неколку ситници кои може да ги ублажат симптомите, а често ги забораваме.

На пример:

Оставете ги чевлите надвор, пред врата

Најчесто поленот и другите надворешни алергени ги внесуваме во домот преку чевлите.

Набавете прочистувач на воздухот

Одличен и ефикасен домашен апарат кој ќе ги филтрира сите честички кои ви создаваат непријатно чувство.

Туширајте се пред да си легнете

Ако долго време сте надвор, на отворено, а не сте се истуширале пред да легнете да спиете, големи се шансите поленот и остантите алергени да останат залепени за вас и да се пренесат низ постелнината, па заради тоа цела ноќ да се будите.

Тренирајте во затворен простор

Избегнувајте тренинзи на отворено и во период од 5 до 10 часот наутро, кога концентрацијата на полен е најинтензивна.

Носете очила за сонце

Секогаш носете очила за сонце, дури и кога надвор има облаци, како би се заштитиле од солзење на очите.

Природен лек – кверцетин

Дозволени се 250 до 600 милиграми кверцетин (се препорачува во облик на таблети) кој важи за моќен антиоксиданс кој го блокира влијанието на хистаминот, кој ги зголемува алергиските реакции.

Измијте го и исчистете го автомобилот

Ако голем дел од денот поминувате во автомобилот, погрижете се на него да нема остатоци од полен или било какви материи кои може да ви предизвикаат кивавици.

Намалете го внесувањето на шеќер

Само една лажичка шеќер може двојно да го зголеми процесот на воспаление и да го намали имунолошкиот систем. Затоа, држете се до балансираната и здрава исхрана.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg