Како да процениме дали хормоните ни се во рамнотежа?

Единствено кога хормоните во нашето тело се во идеален баланс, тогаш и ние се чувствуваме и функционираме без проблеми. Секое најмало изместување, со себе носи и подолга низа нарушувања.

Kako-da-procenime-dali-hormonite-ni-se-vo-ramnoteza-2.jpg

Хормноската нерамнотежа влијае на здравјето на телото, на способноста за секојдневно функционирање и на физичкиот изглед и ако не се лекува навреме, тогаш може да предизвика различни типови на заболувања.

Kako-da-procenime-dali-hormonite-ni-se-vo-ramnoteza-3.jpg

Состојбата на вашиот ендокринолошки систем се проверува кај специјалист интернист-ендокринолог, со анализа на крвта.

Секој дисбаланс на хормоните може да резултира со најразлични симптоми како што се депресија, анксиозност, промени во телесната тежина, постојана измореност, потешко варење на храната, но и лоша меморија.

Kako-da-procenime-dali-hormonite-ni-se-vo-ramnoteza-4.jpg

Доколку постои пореметување, тогаш специјалистот дава терапија соодветна на добиените резултати.

Како можеме самите да си помогнеме во ваква ситуација?

Покрај терапијата, која мора да се зема како што ја препишал специјалистот, треба да се избегнуваат слатките и индустриските преработки на овошје, зеленчук и месо, а да вклучиме квалитетна свежа храна, да го намалиме кофеинот, да избегнуваме храна со адитиви и најважно од сè, да се погрижиме да имаме што помалку стрес, а што повеќе добар сон.

Kako-da-procenime-dali-hormonite-ni-se-vo-ramnoteza-5.jpg

Што се однесува до терапијата, никогаш не ја менувајте дозата на своја рака, туку консултирајте се за тоа со лекар.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg