Како да си подготвите купка која ќе ви го подобри менталното здравје?
Купките се удобни, релаксирачки, ароматични и што е најважно - исцелувачки. Кога лежиме во када опкружени со прекрасен мирис и топлина, ние царуваме во самотијата преку која го зачувуваме нашето здравје.
Постои причина поради која уште во далечната историја луѓето обожавале да се релаксираат на ваков начин. Тоа всушност претставува вистинска холистичка терапија за целото тело.
Многу култури во топлата вода додаваат растенија, цветови и плодови, со цел да ги искористат сите бенефити од природата.
Како што верувале луѓето, но и како што покажале медицината и козметологијата, она што влегува преку порите на кожата директно учествува во благопријатните ефекти врз целосното здравје.
Кожата не е само физичка бариера меѓу нашите тела и надворешниот свет, туку и е важен дел од физиологијата на целиот организам. Иако изгледа непропустливо, кожата всушност има милиони пори преку кои се впиваат и испуштаат молекули од телото.
Лековитите купки се препорачува да бидат секојдневна пракса. Освен што ја храниме кожата, а преку неа и целото тело, влијаеме позитивно врз нервниот систем, а тоа ја одржува психолошката состојба стабилна.
Затоа, дозволете си го овој луксуз на себе. Во топлата вода, која треба да биде со 1-2 степени повисока од телесната температура, додајте состојки кои знаете дека имаат позитивно влијание - сода бикарбона, листови зелен чај, житарици, ѓумбир, лимон, нане, лаванда и сл.
Користете платнена вреќичка, за да не го затнете одводот.
Во топлата купка задржете се 10-20 минути, а завршете со туширање со млака вода (доколку можете да издржите, истуширајте се со ладна). По купката, трудете се да пиете доволно течности. Бањајте се навечер, за да можете да си легнете бргу по уживањето.
Доколку имате низок притосок или срцеви проблеми, тогаш купките не се за вас и држете се до туширањето, бидејќи топлата купка влијае и на крвниот систем.
С. У. | Црнобело