Храна во ултра виолетова боја која треба почесто да ја консумирате

Предвидувањата се остварија, па ултра виолетовата боја и официјално беше прогласена за боја на годината.

7-produkti-koi-dokazuvaat-deka-violetovata-e-superboja-i-vo-ishranata-2.jpg

Од модните писти па се до тапети за на ѕид, бојата на пурпурот почна да го освојува светот со неверојатна брзина.

„Заразени“ од пурпурно-виолетовата треска, голем дел од познатите експерти за храна одлучија да се приклучат кон овој тренд, преку составување на план за здрава исхрана, особено во пресрет на потоплите денови.

Па доколку сакате да сте здрави, витални, а сепак во мода, тие  препорачуваат да ги вклучите во исхраната следниве продукти:

Капини - преполни со витамин Ц, но и А, Е, К и Б, со лутеин, но и други антиоксиданси кои реагираат со слободните радикали и помагаат во ефикасно пренесување на кислородот низ крвотокот. Капините, заедно со малините, аронијата и рибизлите, спаѓаат во групата на овошја благодарение на кои ги зачувуваме здравјето на срцето, крвните садови, но и добрата меморија.

7-produkti-koi-dokazuvaat-deka-violetovata-e-superboja-i-vo-ishranata-3.jpg

Боровинки - нутриционистите често велат дека боровинките се суперхрана над суперхраната, поради тоа што се богати со железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, цинк и витамин К, што значи дека ја зачувуваат цврстината на коските. Додавајте ги во овесна каша, во колачи, правете сок од нив или едноставно користете ги за да ја збогатите зелената салата.

Црвена зелка - иако ја нарекуваме црвена, нејзината боја е виолетова. Хранливите бенефити се слични како и со обичната зелка, а содржи повеќе растителни влакна и делува антивоспалително. Многумина сметаат дека овој производ претставува одличен избор за превенција од карцином. Можете да ја јадете како салата, да ја додавате во сендвич или пак да ја јадете свежа.

7-produkti-koi-dokazuvaat-deka-violetovata-e-superboja-i-vo-ishranata-4.jpg

Лаванда - растение познато по смирувачките својства, кое можете да го користите како состојка во чај или пак да го применувате во ароматерапија или во масла за масажа.

7-produkti-koi-dokazuvaat-deka-violetovata-e-superboja-i-vo-ishranata-5.jpg

Модра слива - било да е свежа или сушена, таа делува како вистински пробиотик и помага за полесно исфрлање на обработената храна од нашиот организам. Истовремено, богата е со големи количини на витамин А.

7-produkti-koi-dokazuvaat-deka-violetovata-e-superboja-i-vo-ishranata-6.jpg

Акаи бобинки - иако не се автохтоно растение на нашето поднебје, лесно може да се најдат во повеќе облици во продавниците за здрава храна, во прав, сушени или како додаток во исхраната. Исто така се вкусни и богати со минерали и витамини А, Б, Ц и Е.

7-produkti-koi-dokazuvaat-deka-violetovata-e-superboja-i-vo-ishranata-7.jpg

Смокви - било сушени или свежи, смоквите се преполни со здрави состојки и се одличен извор на витамини и минерали. Во смоквите со виолетова лушпа има поголема концентрација на здравите материи.

7-produkti-koi-dokazuvaat-deka-violetovata-e-superboja-i-vo-ishranata-8.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg