Ефикасни начини за третирање на враснат нокт во месо на прстите на нозете
Ова болно искуство го имале многумина… Држењето на нозете во топла солена вода е прв чекор кон решението.
Навистина не е пријатно да се има враснат нокт во место и ослободувањето од него е многу тешко. Оваа инфекција предизвикува огромна болка и бара веднаш да се ангажирате околу решавањето на проблемот.
Сè повеќе луѓе, најчесто поради неправилното сечење на ноктите на нозете, се соочуваат со ваква болна ситуација. Друга причина за појава може да биде и носењето претесни чевли.
Израснувањето на ноктот во мекото месо од страна на прстот на ногата, најчесто на палецот, води до црвенило, отекување и гноење, а може да направи и одењето да ви биде болно искуство.
Ефикасни третмани во ваква ситуација:
Држење на стапалото во топла солена вода
Потопувањето на стапалата во топла солена вода е секогаш добра идеја, дури и кога немате проблем со враснат нокт.
Одржувањето на хигиената е неопходно, а држењето на стапалото со враснат нокт во солена вода го намалува отокот и ја омекнува кожата околу него. Исто така, ја намалува болката во мускулите.
Метод со топче од памук
За да спречите ноктот да ви расте внатре во местото мора да ги одвоите еден од друг. Затоа некои го препорачуваат методот со ставање на мало топче од памук помеѓу крајот од ноктот и кожата.
Ова ќе го подигне малку ноктот на проблематичното место. Само запомнете на памукот мора да има антисептици и задолжително треба да го менувате редовно.
Делумно отстранување на ноктот
Во тежок случај на враснат нокт со отекување и гноење најдобро е да отстраните дел од ноктот. Докторот прво ќе ви стави локална анестезија, па ќе го стори тоа.
Сепак, прво прашајте го дали има полесно решение.
Хируршки зафат
Ако проблемот ви се повторува одново и одново на истиот прст, најдобро е да направите делумно отстранување и потоа прилагодување на ткивото.
Процедурата може да биде направена хируршки, со помош на ласер или на некој друг начин.
Докторот ќе ви препорача и антибиотици во зависност од сериозноста на инфекцијата.
Носете покомфорни чевли
Велат подобро е да се спречи отколку да се лечи, па за воопшто да не дојде до појава на проблемот треба да носите комфорни чевли. Особено во лето, трудете се што почесто да носите сандали.
Плус, внимавајте како ги сечете ноктите.
С. С. | Црнобело