Симптоми кои жените не треба да ги игнорираат за доброто на здравјето
Понекогаш, симптомите кои секојдневно ги забележуваме на нашето тело, многу е полесно да ги игнорираме или сами да им најдеме дијагноза.
Секако, за повеќето од нив можеби и ќе бидеме во право, но секогаш е добро да бидете сигурни.
Постојат некои симптоми кои не треба да се игнорираат бидејќи може и да укажуваат на нешто посериозно.
Доколку некој од следниве симптоми се појавува често, консултирајте се со лекар:
Прекумерно мокрење
Ова може да биде знак дека има некој проблем со бубрезите или мочните канали. Може да укаува и на хормонален дисбаланс или друг гинеколошки проблем.
Доколку пак, често мокрите и сте многу жедни, може да биде знак за дијабетес. Зависно од количината на течности која се внесува, нормално е мокрење од 4-10 пати во текот на денот.
Ненадејно губење килограми
Можеби на прв поглед изгледа како добра вест, но ако се без причина за кратко време, може да биде знак за некој здравствен проблем и треба да се испита.
Ако намалите 6-10 килограми во период од 6-12 месеци без никаква активност или диета, разговарајте со доктор.
Влакна на места каде што не треба да бидат
Ова најчесто значи дека имате повеќе машки хормони во телото, а физичките промени не се најлошото нешто. Ова може да доведе до метаболитички нарушувања и други сериозни заболувања.
Не паничете веднаш, но сепак консултирајте се со лекар за да видите дали е нормално.
Крвавење после менопауза
Жените често се случува да забележат крв после менопауза, а тоа може да биде знак за сериозни заболувања. Сепак, понекогаш, на почетокот ова е нормално и затоа е најдобро да се консултирате со лекар за да бидете сигурни.
Било какви промени во градите
Првите знаци на рак на дојка тешко се забележуваат, па затоа не ги занемарувајте промените кај градите. Секако, не треба да бидете параноични бидејќи се нормални некои ситни промени, но секогаш е најдобро да го проверите тоа.
Обилна менструација
Секако, овој проблем го имаат многу жени и понекогаш може да биде сосема нормално да крвавите повеќе, посебно при промена на клима или физичка активност.
Но, и покрај тоа, доколку се случува често, би било добро да ја проверите причината и да спиете мирно.
М. М. | Црнобело