7 најпоставувани прашања за сексот во текот на бременоста

Дали е безбеден оралниот секс? Кои се најудобните положби? Ќе влијае ли бременоста на либидото на партнерот? Нормално ли е крварењето после интимниот однос? Ви ги откриваме сите одговори.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-1.png

Бременоста носи мноштво промени во животот на секој пар. Со неа доаѓа и една сосема поинаква динамика, која ги подготвува идните родители за пристигнувањето на новиот член на семејството.

Што е со сексуалниот живот?

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-2.jpg

Трудниците и/или нивните партнери, неретко го избегнуваат сексот, мислејќи дека би можеле да го загрозат бебето во утробата.

Меѓутоа, водењето љубов е нормален дел од бременоста, па не постои причина поради која треба да воведете промени во сексуалниот живот, освен ако вашиот лекар не ве посоветува поинаку.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-3.jpg

Ова се седумте најчесто поставувани прашања за сексот во текот на бременоста, како и одговорите на секое од нив:

1. Дали е безбеден сексот во бременоста?

Жените со уредна бременост можат нормално да продолжат со сексуалниот живот. Сексот не го загрозува бебето на било кој начин. Доколку немаат компликации во бременоста, трудниците може без страв да уживаат во сексот до крајот на истата.

Сепак, дури и во услови на нормална бременост, вообичаено е превентивно да се намалат одредени физички активности, па и сексулните, на разумна мера. Вреди да имате на ум и дека семенската течност е богата со материи што ја поттикнуваат контракцијата на мазните мускули, па употребата на презервативи е мудар избор.

Можно е оргазмот да предизвика благи контракции во матката, но тие се привремени и целосно безопасни за бебето.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-4.jpg

2. По што се разликува обичниот секс од оној во бременоста?

Поради физиолошките промени во бременоста, многу трудници се чувствуваат поразлично за време на сексот. Зголемениот проток на крв во долниот дел од телото може да ја зголеми сензитивноста кај одредени жени, додека промените во вагиналната течност, претставуваат олеснителна околност за мноштво други.

Но, не сите жени имаат иста среќа. Дел од нив може да се чувствуваат уморно заради хормоналните промени, односно непријатно и безволно поради приливот на крв.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-5.jpg

3. Влијае ли бременоста на женското либидо?

Бременоста не е иста за секоја жена. Некои чувствуваат недостаток на сексуална желба како последица на хормоналните промени. Првите месеци од бременоста може да бидат доста комплицирани за одредени трудници, предизвикувајќи им чувство на умор, мачнина и надразливост.

Сепак, кај повеќето бремени жени се враќа либидото во вториот триместар, кога повторно се чувствуваат полни со енергија.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-6.jpg

4. Ќе влијае ли бременоста на либидото на партнерот?

Ако мажот од почеток е нервозен и се плаши дека ќе го повреди бебето, веројатно ќе биде таков и до крајот на бременоста, кога е сексот во прашање. Сепак, можеби и оние  најнервозните ќе се опуштат, кога од ден во ден ќе ги гледаат новите облини на партнерката, па истите ќе му бидат привлечни.

Во секој случај, потребно е секогаш отворено да разговарате со него, односно да си кажете како се чувствувате. Доколку ни едниот, а ниту другиот не е подготвен за секс, постојат и други работи во кои може заедно да уживате.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-8.jpg

5. Кои се најудобните положби за секс во бременоста?

Кога стомакот ќе почне да расте, вообичаените позиции може да станат непријатни и незгодни. Една од најудобните положби за секс во бременоста е „јавнувањето“ на партнерот додека седи на столица, или, пак, дури тој лежи на грбот, а жената е врз него.

На овој начин, бремената жена го контролира и темпото и пенетрацијата. За избегнување на длабока пенетрација, трудницата може да легне странично, а мажот позади неа. Легнете на работ од креветот со свиткани нозе и стапала. Кажете му партнерот да застане или клекне помеѓу вашите нозе.

После првиот триместар, користете перница на едната страна и немојте да лежите рамно на грбот.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-10.jpg

6. Дали оралниот секс е безбеден во бременоста?

Кога ќе започне третиот триместар, нужно е оралниот секс потполно да се избегнува, во случај партнерот да има(л) херпес. Гениталниот хепрес честопати се пренесува преку орален секс, а може да предизвика сериозни компликации.

Инаку, примањето орален секс е безбедно во бременоста, сѐ дури мажот не внесува воздух во вагината на трудницата, бидејќи може да доведе до воздушна емболија. Воздушните меури во крвотокот се опасни, како за бебето, така и за бремената жена.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-9.jpg

7. Нормално ли е крварењето после сексот во бременоста?

НЕ! Грчевите се нормална појава во текот на сексот, како и за време на оргазмот, ама ако не исчезнат после неколку минути, или, пак, се појави и крв, задолжително побарајте лекарска помош во истиот момент. Запомнете, секогаш бидете отворени и искрени во разговорот со докторот, како би можеле да ги разрешите сите сомнежи и грижи.

Доколку советот е да избегнувате секс, важно е да дознаете дали се однесува на оргазам, пенетрација, или, пак, интимните односи во целост.

7-najpostavuvani-prashanja-za-seksot-vo-tekot-na-bremenosta-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg