Сè што треба да знаете за добрите бактерии во вашата вагина

Добрите бактерии во вагината ве штитат од сексуално преносливи болести, а за нив делумно можете да ѝ заблагодарете и на мајка ви.

se-shto-treba-da-znaete-za-dobrite-bakterii-vo-vashata-vagina-01.jpeg

Дали знаете дека во вашата вагина имате добри бактерии кои позитивно влијаат на здравјето?

Некои факти за добрите бактерии во вашата вагина според истражувањата:

Во некои вагини има бактерија која е слична на бактеријата од јогуртот

Верувале или не, станува збор за бактеријата лактобацил. Различни типови од истата бактерија може да се најдат на двете места. Станува збор за т.н. добра бактерија.

Добрите бактерии го намалуваат ризикот од сексуално преносливи болести

Кламидија, гонореја и ХИВ се дел од болестите против кои делуваат добрите бактерии, како што е лактобацилот.

Тие ја зголемуваат киселоста на вагината и со тоа вагината ја претвораат во непријателска околина за развој на инфекциите.

Добрите бактерии може да го спречат предвременото породување

Истражување направено на 49 бремени жени покажа дека тие што имале лактобацил имале помал ризик од предвремено породување.

Меѓутоа, други истражувања не доаѓаат до овие резултати, па докторите велат дека сепак нема гаранција затоа што предвременото породување е комплексна состојба на која влијаат многу фактори.

За добрите бактерии можете да ѝ се заблагодарите на мајка ви

Постојат докази дека добрите бактерии се пренесуваат од мајката на ќерката. Но, не поради гените, туку затоа што кога ќерката излегува вагинално при породувањето е изложена на вагиналните бактерии од нејзината мајка, па ако мајката има добри бактерии, може да предизвика тие да се развијат подоцна и кај ќерката (во пубертетот).

Кај породувањата со царски рез ова не е случај, но тоа не значи дека подоцна телото на девојката не може само да развие добри бактерии.

Антибеби пилулите може да ги изменат бактериите во вашата вагина

Естрогенот од антибеби пилулите може да го поттикне развојот на добрите бактерии во вашата вагина.

Додека друг тип на пилули, кои во својот состав имаат прогестерон, се поврзуваат со зголемено ниво на инфекции.

Сексот може да влијае врз бактериите во вашата вагина

Мажите имаат бактерии на пенисот, кои кога ќе ви се префрлат вам може да ги уништат вашите добри бактерии, тврдат некои истражувања.

Користењето кондом е најдобрата опција.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg