Одговори на 6-те прашања кои сигурно сакате да му ги поставите на вашиот стоматолог

Колку редовно треба да одите на стоматолог, а на колку време треба да купувате нова четкичка? Плус 4 други прашања – одговорени!

odgovori-na-6-te-prashanja-koi-sigurno-sakate-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-stomatolog-01.jpg

Сигурно и вам секое одење на стоматолог ви предизвикува непријатност во стомакот.

Но, посетата е задолжителна ако сакате да имате здрави и убави заби.

Еве одговори на некои прашања кои сигурно сакате да му ги поставите на вашиот стоматолог:

Како да ги четкате забите?

Стоматолозите ќе ви кажат дека темелноста на четкањето на забите е поважна отколку фреквенцијата.

За бактеријата да направи штета во устата ѝ се потребни 48 часа, па така дури и да ги четкате забите само еднаш на ден, но тоа да биде многу внимателно и темелно, сè ќе биде во ред. Сепак, задолжително плакнете ја устата во текот на денот.

Има различни методи на чистење на забите. Еден на пример вклучува кружни енергични движења со четката поставена под агол од 40 степени, додека друг вклучува вертикални движења горе-долу на забите додека вилицата ви е затворена, како и триење напред-назад.

Најдобро е да направите комбинација од сите овие движења.

odgovori-na-6-te-prashanja-koi-sigurno-sakate-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-stomatolog-02.jpg

Што крие четкичката за заби?

Добро ви е познато дека бактериите се собираат на четката за заби, но колку често треба да ја менувате?

Најдобро е да ја менувате на еден месец, но ако не ја гризете може да ја користете и до три месеци сè додека не се деформира.

odgovori-na-6-te-prashanja-koi-sigurno-sakate-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-stomatolog-03.jpg

Чистење со конец: Да или не?

Конецот е добар за отстранување на остатоците од храна меѓу забите, но ако имате чувствителни непца треба да го користите внимателно за да не предизвикате повреда.

За здравите непца чистењето со конец е како масажа за непцата, па е препорачливо. Најдобро е да купите дентален конец од аптека специјално направен за таа намена.

odgovori-na-6-te-prashanja-koi-sigurno-sakate-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-stomatolog-04.jpg

Кога е најдобро да појдете кај вашиот стоматолог?

Многу пациенти сакаат непријатната работа како пломбирање на расипан заб да ја направат колку што може порано, па одат кај својот стоматолог на почетокот од работното време.

Но, нема потреба да брзате. И вашиот стоматолог е само обичен човек и наутро не е сосема расонет. Тој е во најдобра работна кондиција кога ќе дојде третиот или четвртиот пациент на ред, па најдобро е да закажете тогаш.

Да се биде меѓу последните пациенти, исто така, од разбирлива причина не е препорачливо – тој веќе е уморен и нема 100% концентрација.

Околу бројот на посети сè е индивидуално, но кај возрасните е најдобро еднаш годишно, а кај децата еднаш на шест месеци.

odgovori-na-6-te-prashanja-koi-sigurno-sakate-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-stomatolog-05.jpg

Како сами да се грижите за вашите заби?

Превенцијата е најдобра кога е здравјето во прашање, па тоа важи и за забите. Вие треба да внимавате на животните навики како пушењето, пиењето премногу студени и топли пијалаци, вишокот на шеќер и недостигот на витамини.

Исто така, белеењето на забите не е многу добра навика. Бојата на забот е одредена од внатрешниот дел на забот и не секој доктор ќе ви го каже тоа, но здрава боја на забот е малку жолта или сива.

Хемикалиите кои се користат при белењето го оштетуваат вашиот заб и го прават слаб. Притоа се отстранува надворешниот слој на забот и тој привремено изгледа побел.

Ако имате болка во забот, а не сте во можност да појдете кај стоматологот, тогаш користете акупресура. Најефикасен начин е да се стиснете и масирате помеѓу палецот и показалецот.

odgovori-na-6-te-prashanja-koi-sigurno-sakate-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-stomatolog-06.jpg

Што си кажуваат во шифри стоматологот и медицинската сестра?

Кога ќе седете на столицата во стоматолошката ординација немој да мислите дека докторот и медицинската сестра се во заговор против вас. Тие само си разменуваат куси фрази за пациентот да не добие непотребни вознемирувачки информации.

Кога сте таму најдобро е да молчите за докторот да може смирено да работи во вашата уста и да не го деконцентрирате.

odgovori-na-6-te-prashanja-koi-sigurno-sakate-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-stomatolog-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg