Имала тежина на 5-годишно девојче, ѝ предвидувале смрт: Студентка ја победи анорексијата (фото)
Млада Англичанка ја извојува битката со анорексијата, а сега им праќа моќни мотивирачки пораки на сите луѓе што се соочуваат со истото.
Студентка на која докторите ѝ предвидувале само неколку месеци живот поради сериозната ситуација со анорексијата, сега е вистинска инспирација за многу девојки ширум светот.
Кони Инглис (23) од Велика Британија се борела со анорексија уште од 10-годишна возраст и во текот на долгогодишната борба со оваа болест, три пати завршувала во болница комплетно истоштена.
Таа стигнала до тежина на 5-годишно девојче и воопшто не се грижела дали ќе живее или ќе умре, единствената цел ѝ била да симне што повеќе килограми.
Сега сака на другите кои се соочуваат со овој проблем да им ја испрати пораката дека без разлика колку и да им изгледа тешко во моментов, може да биде подобро.
Таа има 87.000 следбеници на Инстаграм. Постојано става фотографии од себе на кои веќе изгледа здраво и насмеано. Кони ја покажува позитивната страна на закрепнувањето, а не сета агонија која ја носи тоа.
https://www.instagram.com/p/BeV5-0eAhLA/?taken-by=my_life_without_ana
Приказната за инспиративната апсолвентнка на Факултетот за драмски уметности во Лидс го заобиколи целиот свет.
Дел од нејзините најнови фотки:
С. С. | Црнобело