Страв и паника: 3 нешта кои ги правиме на преглед, а стоматолозите не можат да ги поднесат
Зборот „пријатен“ е термин кој речиси никогаш не го користиме за да објасниме како сме си поминале на преглед кај стоматолог.
Со оглед на тоа како се одвива целиот преглед, но и другите интервенции, самите стоматолози имаат на ум дека не се меѓу најомилените личности на нивните пациенти.
Па, не постои стоматолог кој барем еднаш во својот живот не го слушнал фамозното: „Уууууу мразам забари!!!“ Сепак кога се во прашање прегледите, и стоматолозите имаат своја страна на приказната.
Па, така најголемиот дел од нив велат дека притисокот којшто го чувствува пациентот директно се пренесува на нивната работа, а тоа често го одложува самиот преглед и создава дополнителна нервоза.
Стоматологот Марија Хоуел наведува дека сите стоматолози разбираат - не е едноставно да се седи половина час со отворена уста, меѓутоа за да се скрати целиот процес на лекување потребна е целосна соработка од пациентот.
Токму затоа, таа споделува 3 сознанија кои би било добро да ги знаете во врска со вашиот стоматолошки преглед и кои ќе ве натераат да размислите за вашите постапки на прегледите во иднина:
Стоматолозите не очекуваат да им одговорите
Иако можеби на моменти ви оди на нерви тоа што вашиот забар постојано „дрдори“, сепак тој тоа го прави во обид да ве смири и да ви ги одвлече мислите, но дефинитивно НЕ со цел да започне конверзација.
Па така доколку чувствувате потреба да одговорите, воздржете се или доколку има простор кренете го палецот нагоре, тоа ќе биде сосема доволно.
Не губете сила да лажете
Можеби мислите дека ако дадете објаснување тоа ќе ви помогне во конверзацијата, сепак не! Стоматолозите секогаш го ставаат на прво место она што имаат да го „кажат“ вашите заби и вашите непца.
Па, така доколку забарот забележи дека непцата ви крвават тоа за него е доволен знак дека вие или не го правите она што ви нагласил дека е потребно или едноставно треба да го правите на начин којшто е поефикасен.
Немојте да се поместувате за време на третманот
На стоматолозите им е повеќе од јасно дека одредени нивни постапки се навистина вознемирувачки, сепак тие нагласуваат дека наглите движења на пациентите само го одолговлекуваат процесот на работа.
И најмало движење на колената и нозете може да ја спречи работата на стоматологот. Сепак имајте на ум дека тие работат со остри алатки во непосредна близина на вашето лице.
Марија советува – доколку почувствувате посилна болка или нервоза од седењето со отворена уста, наместо да гестикулирате во паника, сконцентрирајте се на дишењето – тоа е одличен начин на смирување.
С. У. | Црнобело