Зошто има денови кога се будите со силна главоболка?
Без оглед на тоа колку рано ќе си легнете, колку долго и квалитетно ќе спиете, има денови кога едноставно се будите со силна болка во главата.
Вакво будење не му посакувате ни на најлошиот непријател, а не пак на себе.
Доколку ви е смачено да ги спречувате и намалувате со апчиња, време е да откриете 4 можни причини зошто ви се случуваат:
Недостаток на кофеин
Ако штом ја голтнете првата голтка кафе, забележувате дека главоболката магично исчезнува, тогаш се работи за зависност од кофеин. Ова е загрижувачко ако ви се случува секое утро.
Проблеми со синусите
Пред да настане некој голем здравствен проблем или настинка, обично будењето со главоболка е предвесник. Задолжително внесувајте повеќе витамини, лимон, мед, ѓумбир и лук, кои се природни антиоксиданси за телото.
Дехидрираност
Дали пиете доволно вода во текот на денот? Утринските главоболки се добра причина да го преиспитате количеството на вода кое го внесувате во организмот.
Стрес
Зборче кое со задоволство би го елиминирале од животот, но не успеваме. Сепак, ако не сакате секој ден да ви започнува со главоболка и мрзоволно будење, обидете се проблемите да ги оставите на работното место. Медитацијата пред спиење исто така може да ви помогне.
М. Д. | Црнобело