13 митови за бременоста во кои сè уште веруваме
Бремените жени не смеат да ја бојадисуваат косата и да ги лакираат ноктите
Тајната на негата за време на бременоста е да внимавате на составот на козметичките продукти, но сè додека нема штетни материи (толуен, формалдехид, камфор, амонијак, резорцинол) во составот на продуктите вие слободно можете да ја практикувате вашата рутина за убавина.
Модерната квалитетна козметика не е опасна за време на бременоста.
Консумацијата на риба и јаткасти плодови влијае на интелигенцијата на детето
Здраво е да се консумираат овие продукти, тие се добри за нервниот систем на трудницата, за срцето, за тироидната жлезда итн.
Содржат омега 3-масни киселини, кои се добри за мозокот, но дека нивната консумација влијае на бебето не е научно докажано.
Стресот е екстремно опасен за бремените жени
Константниот и голем стрес не е добар за никого, но понекогаш е нормално да се најдеме во стресни ситуации. Но, најважен е ставот кон стресот.
Ако на тоа гледате како на нешто моментално и излив на емоции кој ќе мине е во ред, но ако постојано сте анксиозни и загрижени што ќе му се случи на вашето бебе ако сте под стрес, проблемот ќе биде многу поголем. Затоа не расипувајте си го сами расположението.
Кремите против стрии се задолжителни
Кремите против стрии некои ги сметаат за магична алатка за проблемите со кожата за време на бременоста. Но, дали знаете дека нивната содржина не се разликува многу од онаа на хидратантните лосиони за тело.
Генетскиот фактор игра огромна улога во појавата на стриите, па ако вашата мајка и баба имаат може и вас да ве чека истото без разлика колку се мачкате со креми.
Консумацијата на вода треба да биде намалена за време на третото тримесечје
Во минатото на бремените жени им се советувало да пијат помалку течности за време на третото тримесечје за да избегнат отекување. Но, научниците покажаа дека отекувањето кај трудниците не е поврзано со консумацијата на течности.
Од друга страна, доволната количина на вода ќе ве поштеди од многу проблеми. Се разбира, алкохолот не е на листата на дозволени течности.
Вашиот живот ќе биде ист по раѓањето на бебето
Има многу начини на кои може да си ги олесните првите години во улогата на мајка, но важно е да имате на ум дека вашиот стар начин на живот комплетно ќе се промени. Нема да биде подобар или полош, само поинаков.
Да, ќе се вратите на работа по породилното отсуство и ќе одите на летен одмор, но во секоја пригода потребите на детето ќе ви бидат на прво место и според нив ќе ги правите сите планови.
С. С. | Црнобело