13 митови за бременоста во кои сè уште веруваме

Ако ставате креми против стрии, тие нема да се појават и сексот со партнерот е штетен. Погрешно и погрешно!

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-001.jpg

Бременоста е многу важен и возбудлив дел од животот на секоја жена.

Па, не е чудно што за таков уникатен настан постојат низа стереотипи и предрасуди.

Постојат митови за бременоста кои се пренесуваат од генерација на генерација:

Бремените жени треба да јадат за двајца

Нутриционистите тврдат дека ако жената има здрава тежина, таа не мора да консумира екстра калории за време за првото тримесечје. Во второто тримесечје се препорачува дополнителни 340 калории на ден и околу 450 калории плус за време на третото.

Наместо јадење многу, идните мајки треба да се фокусираат на јадење здраво.

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-01.jpg

Бременоста ги прави жените глупави

Промената во нивото на хормоните ги прави жените поемотивни и сензитивни за време на бременоста, но многу жени токму во овој период откриваат и нови таленти и вештини, Некои откриваат талент за цртање, други токму тогаш отвораат сопствен бизнис итн.

Но, од друга страна феноменот наречен „momnesia“ (бебешки мозок) навистина постои. Мозокот на жената во тој период минува низ адаптација и обид за формирање на врска на идната мајка и бебето, па на некои жени им е потешко да прават неколку работи едновремено и може да забораваат и да изгледаат отсутно.

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-02.jpg

Испитувањата со ултразвук го повредуваат бебето

Повеќето доктори на жените со нормална бременост им препорачуваат три испитувања со ултразвук за време на бременоста, по едно во секое тримесечје. Проверките треба да бидат почести ако има некаков ризик за мајката или бебето.

Правењето на слики со ултразвук не ги изложува мајката и бебето на радијација. Благодарение на ваквото скенирање докторите може да дијагностицираат проблеми со фетусот и да помогнат навремено.

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-03.jpg

Жената треба да го роди првото дете пред 30-тата година

Ако 30-годишна жена добро се грижи за себе, односно јаде здраво, вежба и прави редовни медицински прегледи, ризикот за компликации при бременоста не е поголем отколку кај 20-годишна жена.

Проблемите со плодот и бременост најчесто се поврзани со состојбата на телото на мајката, а не нејзините години. Жените треба да ја планираат бременоста кога ќе бидат физички и психички подготвени.

Поголемиот дел од докторите веруваат дека идеално време за бременост е од 20 до 30 години, но група истражувачи од Тексас тврди дека совршената возраст за раѓање на дете е 34 години.

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-04.jpg

Сите жени имаат „кризи“ по солена храна за време на бременоста

Телото на бремена жена може чудно да реагира кога ја искажува потребата за одредени хранливи состојки и минерали кои му недостигаат. На ова понекогаш влијае и хормоналната промена, а некогаш само желбата да ни биде угодено.

Бремените жени може да имаат „кризи“ не само по солена туку и по блага или кисела храна, исто така. Но, чоколадото сè уште е производ број еден на листата на жените.

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-05.jpg

Вежбање или планинарење? Не, само мир во наредните 9 месеци

Ако жената нема здравствени проблеми за време на бременоста, редовните физички активности се неопходни за неа.

Спортот ќе ѝ помогне да остане во добра форма, а исто така ќе го олесни процесот на породување и ќе влијае позитивно врз фетусот. Мускулите на жената ќе бидат поеластични и посилни при породувањето.

Сепак, околу интензитетот на физичките активности консултирајте се прво со доктор.

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-06.jpg

Сексот за време на бременоста може да му наштети на бебето

Ова е еден од најпроширените митови. Луѓето велат дека сексот во тој период е штетен за бебето, непријатен за мајката, па дури и неморален. Но, ако мајката се чувствува добро, сексуалната активност не пречи.

Редовниот сексуален однос е добар за нејзиното здравје, затоа што не само што ги зајакнува мускулите долу, туку и влијае позитивно на расположението на идната мајка, а нејзината емоционална состојба во тој период е навистина важна.

13-mitovi-za-bremenosta-vo-koi-se-ushte-veruvame-07.jpg

Уште 6 митови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg