9 навики кои ве оглупавуваат
Човечкиот мозок до ден денес е мистерија која научниците обожаваат да ја истражуваат, па како што откриваат кои работи и активности може да ве направат поинтелигентни, така ги открија и навиките кои буквално ве оглупавуваат.
Листата е кратка и вреди да ја запаметите за да не ги повторите грешките:
1. Губење време на социјални мрежи
Ви ја намалуваат концентрацијата, а за сметка на тоа се полните со неважни информации.
2. Гуглање на сите нејасни прашања
Секако дека неограничениот пристап до информации треба да се искористи максимално, но не и да го одбираме полесниот пат. А гуглањето е токму тоа.
Google ефектот е оној момент кога го пишувате прашањето кое ве интересира, го читате одговорот, и по 5 минути го заборавате. И така на секое прашање, повеќепати, без да научите нешто.
3. Работење додека сте болни
Додека целото тело е фокусирано на заздравување, не му трупајте на мозокот непотребни обврски. Вратете си ја силата, па потоа работете.
4. Одбивање да комуницирате
Доколку се затворате во себе и ја ограничувате комуникацијата на минимално ниво, го лимитирате развојот на мозокот. Прифатете ги сите покани за дружби и дискусии, па дури и ако тоа се мали кратки разговори.
5. Навика да спиете малку и да легнувате доцна
Кога спиете малку, легнувате доцна, што влијае на квалитетот на сонот и мозокот кој би требало да се одмори навечер. Наместо да се чувствувате одморени, кога ќе станете сте поконфузни и збунети.
6. Став дека знаете сè
Логично, многу е подобро да сметате дека постојат работи кои не ги знаете, но може да ги научите, отколку да сметате дека знаете апсолутно сè.
7. Константно проверување на пораките
Навиката за константно проверување на телефонот, ве оглупавува бидејќи ви ја одвлекува концентрацијата и ви го нарушува ритамот на обврските.
8. Џвакање мастика
Истражувањата покажуваат дека лицата кои константно џвакаат мастика, страдаат од краткотрајна меморија. Со мастика, многу е потешко да го запомнат она што го читаат.
9. Консумирање на масна храна
Храната богата со масти ја намалува флексибилноста на човечкиот мозок, ја влошува меморијата и ги забавува реакциите.
М. Д. | Црнобело