Писмо од човек што се бори со ментална болест до сите што се соочуваат со истото

„Ќе се чувствувате ужасно и ќе гледате само мрак, но постои светлина и не смеете да се откажувате.“

emotivno-pismo-od-chovek-shto-se-bori-so-mentalna-bolest-01.jpg

Ако се борите со проблеми со менталното здравје првото нешто кое треба да го знаете е дека не сте сами. Втората работа која треба да ја знаете е дека секој се справува со менталните болести поинаку и нема зошто да се срамите поради начинот на кој вие го правите тоа.

Некои одбираат природен процес, други земаат лекарства. Вие го правите изборот.

Личност што се бори со ментална болест напиша отворено писмо до сите што се наоѓаат во иста ситуација:

„Живеењето со ментална болест е пеколно тешко. Ви го исцицува животот и прави да се чувствувате дека само постоите, а не живеете вистински. Ве изморува, прави да ви се потребни часови и часови сон и на крајот кога ќе станете повторно се чувствувате ужасно и немате енергија. Може да ве изолира и да ве направи осамени.

Исто така, може да ве направи бесни. Комплетно неспособни да си ги управувате емоциите и со чувство на вина во желудникот. Најлошата работа кај менталната болест е што е комплетно надвор од ваша контрола. Свесноста дека не можете да го контролирате начинот на кој се чувствувате е тешка.

Престанете да се притискате да правите работи за кои се чувствувате неспособни. Лесно е да помислите дека менталната болест е ваша вина, но запомнете дека не е. Ако некој ви вели поинаку оттргнете се од него. Токсични луѓе не ви се потребни. Игнорирајте ги сите што ви велат дека болеста не ви е вистинска и ви даваат глупави техники за надминување. Фокусирајте се на тоа што е добро за вас, одете редовно на терапии и обидете се да бидете позитивни.

Повеќето ментални болести се хронични. Може да се чувствувате добро со месеци, па и години, но тоа не значи дека сте излекувани и нема да се борите повторно. Научете се да се соочувате со проблемот наместо да барате начин магично да исчезне.

Ако моментално се борите со ментална болест ви изгледа дека работите никогаш нема да се подобрат, дека нема светло на ова темно место, верувајте има и ќе има. Само треба да туркате понатаму и да се штитите себеси до степен на себичност.

Многу луѓе не ве разбираат, но тоа нека не ве обесхрабри затоа што таму постојат луѓе кои ве разбираат и со кои ќе можете отворено да разговарате. Но, и ако не сакате да зборувате со никого и тоа е во ред. Не сака секој да дискутира за емоциите.

Не постои погрешен и правилен начин за справување со менталната болест, помогнете си на секој можен начин и верувајте дека постои среќна иднина за вас. Запомнете дека не сте сами и дека илјадници и илјадници луѓе се чувствуваат исто како и вие.

Најважно е да запомните дека вие не сте вашата ментална болест, туку таа е само дел од вас. Вие сте посилни од неа и ако денес можеби не ви изгледа така. Тој ден порано или подоцна ќе дојде.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg