Зошто по неколку испиени пијачки сакаме да запалиме цигара?
Веројатно голем дел од непушачите ќе ги интересира ова прашање, со оглед на тоа што на секој кој што е непушач барем еднаш во животот додека бил поднапиен му се случило да запали цигара.
Дали некогаш сте се прашале зошто по неколку испиени пијачки сакаме да запалиме цигара?
Можеби нема да верувате, но целата оваа ситуација има логично, но и научно докажано објаснување. Потребата за пушење се јавува како резултат на начинот на кој никотинот влијае на нашата меморија, а другиот е во тоа што кога никотинот се комбинира со алкохолот истиот го намалува нивото на допамин.
Заедно, овие два механизми прават цигарите да изгледаат навистина „неодоливи“.
Да бидеме малку поконкретни, никотинот ги зајакнува невронските врски и до 200 проценти, а ова зајакнување е основа за формирање на нова меморија. До вакво зајакнување може да дојде само кога таканаречените наградни центри испратиле допамински сигнал.
Сепак, вреди да се напомене дека и покрај тоа што никотинот и алкохолот иницираат зголемување на допаминот, тие ќе ве направат среќни само доколку се консумираат одделно.
Теоретски, тоа е циклус којшто започнува кога алкохолот ќе ги намали позитивните сеќавања за пушењето, па земате цигара. По пушењето на цигарата се намалува нивото на допамин, па вие повторно имате потреба да испиете уште една пијачка и циклусот продолжува.
Ваквите повремени моменти на никотинско-алкохолна среќа нема да ве убијат, сепак најважно е да внимавате ваквата практика да не премине во навика.
С. У. | Црнобело