Што му се случува на вашето тело и мозок ако не спиете доволно?
Недостигот од сон ве прави деконцентрирани и раздразливи и негативно влијае на вашиот мозок, кардиоваскуларен, репродуктивен и имун систем.
Дали понекогаш се наоѓате во трка со времето – посветени сте на работното место, но сакате да се видите и со партнерот, па со пријателите, па да приготвите некој здрав оброк, па да завршите некои домашни обврски, па да прочитате книга и да појдете на фитнес и на крајот завршувате истоштени и комплетно ненаспани?
Експертот за спиење Метју Вокер, автор на книгата „Why We Sleep“ и професор на универзитетот во Калифорнија открива дека недостигот од сон ни причинува голема штета.
Негативните последици на малкуте часови сон имаат огромна негативно влијание врз нас:
Слаба меморија
Ако не спиете доволно вашиот мозок нема да биде способен за создавање на нови спомени, па без сон ќе биде како кутијата за меморија да е затворена и мозокот е неспособен за претворање на новите искуства во спомени.
Новите информации кои допираат нема да бидат соодветно процесирани и вие ќе се чувствувате како да имате амнезија.
Токсини во мозокот
Недостигот од сон предизвикува зголемено ниво на токсичниот протеин бета-амилоид, кој се поврзува со Алцхајмеровата болест. За време на длабок сон во текот на ноќта мозокот се ослободува од овој токсичен протеин, па кога не спиете доволно, тој нема можност да го стори тоа.
Ако постојано не спиете доволно, имате поголема шанса за развој на Алцхајмерова болест во подоцнежните фази од животот.
Штета на репродуктивниот систем
Нивото на тестостерон кај мажите кои спијат само по 5, 6 часа во текот на ноќта е драстично пониско и е на ниво како на маж 10 години постар од нив.
Така што недостигот од сон ве старее речиси цела декада во поглед на плодноста.
Штета на имуниот систем
По само една ноќ со 4, 5 часа сон, постои 70% намалување на клетките што се борат со ракот. Имунитетот ви е паднат и можноста да заболите од рак во текот на животот е поголема. На оваа листа е рак на дебелото црево, рак на простатата и рак на дојката.
Всушност, поврзаноста на неспиењето и ракот е толку силна што неодамна Светската здравствена организација ги прогласи ноќните смени за канцерогени, бидејќи го рушат ритамот на спиење.
Штета на кардиоваскуларниот систем
За време на длабокото ноќно спиење вие ја добивате најубавата форма на лек за регулирање на крвниот притисок. Срцебиењето се намалува и притисокот се спушта.
Ако не спиете доволно, вашиот кардиоваскуларен систем не се релаксира на овој начин и вие ќе имате висок крвен притисок. Со помалку од 6 часа сон имате 200% поголеми шанси за срцев удар.
Колку време можеме да издржиме без сон без да почувствуваме опаѓање на функциите на мозокот и нарушувања на нашите телесни способности?
Одговорот е 16 часа будност. Откако ќе го преминеме овој праг без сон, започнуваме да имаме ментална дезориентација и влошување на состојбата на целото тело.
Ако сте будни 19, 20 часа вашиот ментален капацитет е намален како на многу пијан човек што седи зад воланот.
За да не му правите штета на вашето тело, трудете се да си обезбедите 8 часа сон секоја ноќ.
С. С. | Црнобело