Која храна ги намалува негативните ефекти од загадувањето?

Кога веќе не можеме да го намалиме загадувањето, можеме да ги намалиме негативните ефекти од истото и да го направиме нашиот имунитетски систем поотпорен.

Koja-hrana-gi-namaluva-negativnite-efekti-od-zagaduvanjeto-01.jpg

Според Светската Здравствена Организација, загадувањето е петтата најчеста причина за смрт во Индија, веднаш зад високиот крвен притисок и цигарите. Квалитетот на воздухот во Њу Делхи е полош и од оној во Пекинг, а во Пекинг има толку многу загадување што луѓето патат од нова болест – пекиншка кашлица.

Експертите веруваат дека јавноста не ни знае што точно се подразбира под поимот загадување на воздухот. 

„Загадувањето на воздухот е предизвикано не само од индустријата и возилата, туку и од домашната прашина, хемикалиите во теписите, освежувачите на воздух, пластичните премази на мебелот (мирисот на ново), сево ова создава токсичен напад што белите дробови треба да го издржат“. 

Она што е загрижувачко е дека загадувањето на воздухот не е поврзано само со воспаление на синусите, астма и болести на белите дробови, туку се поврзува и како причинител на аутизам. Исто така, поврзано е и со инфарктите, мутација на спермата и нарушување на интелигенцијата на фетусот.

Брокула

Зајакнете го вашиот имунитет со правилна исхрана, план за детокс и вежби за дишење. Ова е најдобриот начин да ги намалите негативните ефекти од загадувањето на воздухот. 

Без разлика дали е зима или не, внесете брокула во вашата секојдневна диета. Овој чудесен зеленчук го штити вашиот организам и од воздушното загадување и од загадувањето од возилата. 

Клиничките тестови спроведени во најзагадените региони во Кина покажуваат дека консумирањето пијалак којшто содржи фиданки од брокули им помогнал на испитаниците да ги исфрлат токсините коишто се поврзуваат со загадување на озонот. За да се неутрализира штетата од слободните радикали коишто се последица на загадувањето на воздухот, два органи мораат редовно да се помагаат и детоксифицираат, а тоа се белите дробови и црниот дроб. 

„Освежете ги вашите бели дробови со оригано, кора од портокал, евкалиптус и мента и јадете грејпфрут, цвекло, моркови, јаболка, зелка и авокадо за чист црн дроб“.

Според експертите, земањето на витаминот Ц како суплемент во диетата во комбинација со тинктура од ехинацеа, помага во зајакнување на имунитетскиот систем, така што ве прави поотпорни на алергии.

Едноставно кажано, храната којашто содржи витамин Ц, како што се портокалите, јагодите, јаболката, лубеницата, влијаат на воспалителните алергиски реакции. Добар извор на витамин Ц се: гуавата, црвените пиперки, магдоносот, брокулата, прокељот, карфиолот, папајата, спанаќот, лимоните, младиот кромид и други.

Природни лекови

Љубителите на тајландска и јапонска храна ќе бидат пријатно изненадени што ќе дознаат дека пикантната храна може да ги намали симптомите на алергија. Ѓумбирот, анасонот и лутиот сенф можат да делуваат како природни зајакнувачи на имунитетот.

„Зелениот чај, ѓумбирот и циметот се моќни адаптогени (хербални додатоци коишто се користат за подобрување на здравјето на адреналинот систем), кои можат да му помогнат на телото да се справи со загадувањето и токсините во воздухот.

Свежата куркума, исто така, има лековита способност и штити од хроничен бронхитис, затнување на носот, кашлици предизвикани од алергија и настинки.  Напијте се анти-воспалителен чај од ѓумбир или свежа куркума и забележете ја разликата“. 

Јадењето храна богата со антихистамини може да ви помогне да ги одложите алергиските реакции. Косумирајте храна богата со магнезиум како што се бадеми, индиски ореви и лушпи од пченица, бидејќи магнезиумот е природен бронходилатор (ги опушта цевките за дишење во белите дробови). 

„Омега 3 масните киселини се исто така способни да ги намалат алергиските реакции и да го намалат воспалувањето. Јадете храна богата со Омега 3 како што се ореви, ленено семе и масла како што е сенфот, маслото од канола и маслото од ленено семе“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg