Ќесичките чај од канцеларијата имаат 17 пати повеќе бактерии од тоалетната школка

Кујната на работното место неретко е полна со бактерии. Секогаш имајте при рака антибактериски марамчиња.

kjesichkite-chaj-vo-kancelarijata-imaat-17-pati-povekje-bakterii-od-toaletnata-shkolka-01.jpg

Луѓето често ги оставаат своите нечисти шолји и садови во лавабото во канцеларијата. Тие не го бришат истуреното млеко или кафе и овие кујни, што ги користат повеќе луѓе, се полни со бактерии.

Таква е ситуацијата и со чајот што го чувате во заедничкиот орман на работа. Просечниот број на бактерии на ќесичка чај во канцеларијата е 3.785, споредбено со само 220 бактерии на тоалетната школка.

kjesichkite-chaj-vo-kancelarijata-imaat-17-pati-povekje-bakterii-od-toaletnata-shkolka-02.jpg

Според истражувањето спроведено од Initial Washroom Hygiene, други работи на кои има многу бактерии на работното место се купиштата користени шолји и рачката од фрижидерот.

Застанете само на миг и помислете на сите тие раце кои ги допираат работите како кутиите за кафе и чај, шолјите, рачките од фрижидерот и орманите, кваките на вратите итн. Бактерии има насекаде.

Токму затоа доктор Питер Барет заклучува дека:

„Користењето на антибактериски марамчиња на површините во кујната и редовното миење на шолјите игра голема улога во здравјето на луѓето.“

kjesichkite-chaj-vo-kancelarijata-imaat-17-pati-povekje-bakterii-od-toaletnata-shkolka-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg