На кој кат во зграда е најздраво да живеете?

При купување на нов стан сите се судираат со истата дилема - на кој кат е најдобро да биде?

na-koj-kat-za-chovekovoto-zdravje-e-najdobro-da-ziveete-01.jpg

Иако во Македонија градбата на висококатниците, говориме 40 катови, па и повеќе е во сам зачеток, постојат многу згради кои имаат по 15-18 катови, и постои дилемата дали е подобро да се живее на најдолните или најгорните катови.

Како што сè има своите предности и мани, така е и со оваа ситуација:

Предности и мани на живеењето на најдолните катови

- Најголемата и непобедлива добивка на живеењето на долните катови е психолошкиот комфор поради вистинската поврзаност со надворешниот свет.

- Забавена циркулација на воздух.

- Често првите неколку ката се обиколени со дрвја, па има сенка и влажност, кои водат до размножување на бактериите.

- Загадениот воздух поради автомобилите и правот од асфалтот носат висок степен на ризик од белодробни заболувања и кардиоваскуларни заболувања.

- Многу врева.

na-koj-kat-za-chovekovoto-zdravje-e-najdobro-da-ziveete-04.jpg

Предности и мани на живеењето на голема височина

- Предности се дека воздухот е почист, има помалку врева и прекрасен поглед.

- Негативно влијае на психолошката состојба на луѓето – постои ризик за губење на чувството на гравитација и појава на фобии како клаустрофобија, страв од височини и депресија.

- Над 7-миот кат магнетското поле е ослабнато, па ако човек минува многу време на некој повисок кат може да има намален имунитет, проблеми со кардиоваскуларниот систем и нервниот систем.

- Штетните супстанции од фабриките се акумулираат на надморска височина од 30 метри и повеќе и ова е опасно, особено ако ветрот дува кон вашата зграда или живеете во близина на такви индустриски објекти.

na-koj-kat-za-chovekovoto-zdravje-e-najdobro-da-ziveete-06.jpg

Предности и мани на живеењето над 30-тиот кат

- Неверојатен поглед.

- Сувост на воздухот.

- Опасност во случај на пожар. Противпожарните служби најчесто немаат опрема што може да дојде до таму, па неопходен е хеликоптер.

- Опасност од инфразвук. На земја практично не се чувствува, но, на голема надморска височина, инфразонските бранови со висок интензитет можат да се совпаѓаат со фреквенцијата на осцилација на внатрешните органи, што ќе доведе до нарушување на нивното работење.

- Големо оптоварување на телото при користење на високо-брзински лифт. Телото на некои луѓе со тешкотии се прилагодува на остри промени во притисокот.

na-koj-kat-za-chovekovoto-zdravje-e-najdobro-da-ziveete-02.jpg

На кој кат е најдобро да живеете за вашето здравје?

Според чистотата на воздухот и психолошката перцепција на висината докторите сметаат дека е идеално да се живее на 5-7 кат. На петтиот кат штетните издувни гасови од автомобилите не стигнуваат, а по 7-миот се акумулираат штетните гасови од фабриките.

Но, овие правила не се строги затоа што ако прозорците на вашиот стан на 5-ти кат гледаат кон прометна улица, тогаш ова не функционира за вас. И, се разбира, доколку живеете на прв кат во некоја зелена околина, правилата повторно се менуваат.

na-koj-kat-za-chovekovoto-zdravje-e-najdobro-da-ziveete-07.jpg

Совети што треба да ги применувате без разлика на кој кат живеете:

- Постојано проветрувајте го вашиот стан.

- Често бришете прашина од мебелот и подовите.

- Не штедете на јонизатор за воздухот.

- Насадете растенија со голема лисна површина.

na-koj-kat-za-chovekovoto-zdravje-e-najdobro-da-ziveete-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg