10 футуристички медицински иновации кои може да ни го променат животот
Од 3D испечатени лекарства до холографска анатомија, револуционерните откритија ќе ве воодушеват.
Дали и вам ви е здодеано од чекањето на „вашиот термин“, неефикасноста на здравството во Македонија и процедурите кои траат до истоштување?
Имаме среќна вест, некои научни достигнувања ќе ве направат навистина возбудени за иднината на медицината. Многу работи ќе се одвиваат побрзо и поефикасно.
Ова не се сцени од научно фантастичен филм, туку иновации кои за некое време на голема врата ќе влезат во примена во медицината:
Холографска анатомија
Мајкрософт работи на проект наречен „HoloLens“. Овие очила проектираат дигитални информации.
Замислете хирург кој гледа под кожата и коските без да ги отвори органите, огромен напредок на полето на операциите зарем не?
Google контактни леќи
Мулти-сензорните контактни леќи ќе им помагаат на луѓето што страдаат од дијабетес така што постојано ќе го мерат нивото на глукоза во нивниот организам преку солзите.
Медицинска револуција со 3D принтање
3D принтањето во медицината влегува полека, но во иднина оваа технологија ќе биде корисна во изработката на протези и импланти.
Веќе има пациенти задоволни од индивидуално дизајнираните простетски раце изработени со помош на 3D принтање.
3D принтани лекарства
Замислете вашиот доктор да биде во можност да ви отпечати лек совршен за вашите потреби.
Обичните лекови се многу компресирани, а кај 3D лекарствата тоа нема да биде случајот и многу побрзо ќе се раствораат во телото. Оваа брзина е од животно значење во случаи како епилепсија и мозочен удар.
3D принтани органи
И во трансплантацијата на органи 3D печатењето ќе најде своја употреба. Замислете креирањето на ткива и органи колку ќе помогне при недостигот на органи за пресадување.