10 футуристички медицински иновации кои може да ни го променат животот
„Паметни“ операции
Хируршката онкологија е ефикасен начин да се победи ракот. Сепак, за да се избегне оставање на некоја канцерогена област, хирурзите исто така треба да ги отстранат блиските ткива.
Со новата „iKnife“ алатка ризикот од напуштање на какви било канцерогени клетки кај пациентот ќе биде минимизиран. Алатот ги скенира и брзо ги идентификува областите со тумор.
Технологија за подобра дијагноза
Научниците во моментов работат на радиолошка машина која ќе гарантира цврсти медицински податоци.
Одлично звучи постоењето на скенер кој веднаш може да открие точно заболени области и да обезбеди биомаркери и симптоми.
Побрзо клиничко испитување
За разлика од денешните долги и скапи клинички испитувања, технологијата со микрочипови, кои претставуваат модели на човечки клетки, ќе го олесни овој процес.
Лековите или компонентите би можеле да бидат бесконечно тестирани, што би ги направило клиничките испитувања побрзи и попрецизни. Покрај тоа, технологијата ќе помогне целосно да се елиминираат тестирањата врз животните.
Роботи во медицината
Роботите повеќе не се дел од научно фантастичните филмови. Тие имаат широка примена во разни области, па и во медицината. Научниците сега ги воведуваат „TUG“ роботите, кои можат да пренесуваат околу 450 килограми клинички материјал во болниците.
Друг технолошки асистент е „RIBA“, пријателски настроен робот, кој делумно ќе ја замени медицинската сестра преку помагање на пациентите да седнат и станат на креветот или во инвалидската количка.
Медицински досиеја
Дали сте биле во незгодна ситуација каде што вашите здравствени податоци биле изгубени?
Во иднина сè ќе биде достапно за секого благодарение на употребата на здравствени сензори и преносливи дијагностички уреди. Овој пристап е сигурен дека ќе донесе мир кај пациентите и ќе ја подобри целокупната здравствена ефикасност.
С. С. | Црнобело