12 активности што не дозволуваат вашиот мозок да стагнира

Стареењето, не го погодува само телото и нашиот изглед, туку многу нормално, влијае и на мозокот.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-01.jpg

За жал, не секој успева да го задржи доброто памтење, разумот и интелектот во староста, бидејќи кај секој може когнитивните функции да се намалат.

Меѓутоа, сепак, докторите се уверени дека со правилна исхрана и водење на активен живот, мозокот се развива повеќе и полесно ќе се спротивстави на староста.

Покрај спортовите кои го тренираат мозокот, постојат и 12 хобија кои многу помагаат за развојот на мозокот, па одберете некој од нив и паметно трошете го денот:

Медитација

Медитацијата помага во намалување на нивото на стрес, крвниот притисок, а исто така и го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува способноста за концентрација.

Доволни ви се само 10 минути на целосно опуштање и доброто расположение веднаш ќе ви се врати, а вашиот мозок ќе работи многу подобро.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-02.jpg

Работа во градината

Овоштарството е изненадувачки многу корисно хоби од кое мозокот има бенефит. Со тоа го намалувате нивото на кортизол, односно хормонот на стрес, се полните со позитивна енегија, а се гордеете со достигнувањата и резултатот.

Исто така, работите физичка работа и поминувате подолго време на свеж воздух, а ако ова не беше доволно, ова хоби и го намалува ризикот од деменција за 36%. Па затоа, доколку имате можност, поминувајте повеќе време во вашата градина, или во викендицата на некој ваш близок.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-03.jpg

Готвење

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои подготвуваат сами јадење дома, водат многу поздрав живот. Со тоа што готват сами, имаат можност да одберат максимално здрави намирници и уживаат во процесот на готвење, што има благотворно дејство на состојбата на мозокот.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-04.jpg

Читање

Читањето му помага на умот да се фокусира, го проширува речникот, ја развива фантазијата и аналитичката способност, и најважно од сѐ, го прави мозокот поактивен. Плус, читањето е еден од најдобрите начини во борбата против стрес, со оглед на тоа што нивото на стрес се намалува за 69%.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-05.jpg

Свирење на музички инструмент

Свирењето на некој музички инструмент допринесува за когнитивниот развој, ја подобрува координацијата и моторичките способности. Како кај децата, така и кај возрасните, свирењето на музички инструмент, исто така го зголемува и нивото на IQ.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-06.jpg

Играње шах

За време не оваа игра, се развиваат двете хемисфери на мозокот и оваа активност помага да го подобрите памтењето, како и стратешкото размислување. Па следниот пат кога ќе имате слободно време, не се двоумете да изиграте „една партија“ шах, без разлика на возраста.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-07.jpg

Танцување

Тацувањето не само што е одличен физички тренинг и му помага на телото да дојде до одлична форма, тоа го намалува и нивото на стрес и го зголемува нивото на сератонин, што е уште поважно.

Со редовно танцување го активирате мозокот и му помагате за полесно памтење и одржување на интелигенција, бидејќи со комбинирањето различни движења, вклучувате различни делови од мозокот.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-08.jpg

Тимски спортови

Со тимската игра, добивате многу повеќе предности – движење, нови пријатели, комуникација. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на комуникација негативно влијае на состојбата на мозокот, исто како и на опшото здравје.

Затоа, групните спортови се одличен начин за да го пополните слободното време.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-09.jpg

Боречки вештини

Покрај примарната предност, односно да умеете да се борите за себе, боречките вештини исто така одлично го развиваат мозокот, ја зголемуваат способноста за концентрација, помагаат при одржување на баланс, како и за постигнување еднаквост помеѓу духот и телото.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-13.jpg

Плетење

Професионалнците велат дека плетењето е одличен начин за споротивставување на грижите, анксиозноста, депресијата, како и хроничната болка. Предностите од работата со рацете можат да се споредат со ефектот на медитацијата.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-10.jpg

Пишување

Водете дневник во кој ќе ги запишувате вашите мисли, идеи, цели и сѐ што ви доаѓа на памет. Тоа помага во решавање на голем број проблеми и служи како некој вид на механизам за ублажување на стресот.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-11.jpg

Учење јазици

Учењето странски јазици ги прави луѓето попаметни и ги тера постојано да го активираат мозокот со учење нови зборови. Со ова, ќе можете и да комуницирате со странци и да запознавате нови култури и луѓе. Сето ова помага во намалувањето на ризикот од деменција.

12-aktivnosti-koi-ne-dozvoluvaat-vashiot-mozok-da-degradira-12.jpg


И како дополнување, без разлика кое хоби ќе го изберете и со што ќе го исполнувате денот и развивате мозокот, никогаш не заборавајте тоа да го правите со насмевка, што е исто така одличен лек за мозокот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg