7 секојдневни предмети што докторите велат дека не смеете да ги делите со друг

Без разлика колку се сакате со партнерот или пријателите, делењето на четката за заби, бричот и слушалките е строго забрането.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-01.jpg

Уште од детските денови родителите нè учат дека делењето е добро, без разлика дали се работи за последното гумено бонбонче или за нашите најдлабоки емоции.

Но, кога станува збор за делење на некои лични предмети, докторите советуваат дека границата мора да биде строга за доброто на вашето здравје.

Некои ваши предмети не смеете да ги делите ниту со најсаканите:

Шапки

Шапките или што било што ви ја допира главата, како перници и чешли не смеете да делите.

Сетете се само како кога бевте дете вошките се префрлаа од глава на глава преку користење на исти предмети.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-02.jpg

Креми

Маски, серуми, креми се лични работи за нега на кожата и никој не смее да пика прсти во нив ако не сакате да се соочите со кожни инфекции.

Дури и вие самите кога со прсти земате од нив за да си нанесете на лицето има потенцијал за ширење на бактерии.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-03.jpg

Долна облека и чорапи

Некои делови од телото кај луѓето се сосема различни, па делење на долната облека дури и со вашиот партнер може да доведе до уринарна инфекција, префрлување на генитални бактерии, осип, чешање итн.

Истото важи и за чорапите.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-04.jpg

Четки за заби

Не постои поличен предмет од четката за заби. Делењето на четката ќе доведе до многу инфекции затоа што една четка користена три месеци на себе може да има ешерхија коли, стафилокока, бактерии од херпер итн.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-05.jpg

Бричеви

Вашиот брич никогаш не треба да го делите со никого поради опасноста од пренесување на хепатитис, па дури и на ХИВ вирусот.

Исто така, не заборавајте да го менувате често затоа што може да имате многу кожни проблеми.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-06.jpg

Слушалки

Вљубениците во музика треба да се свесни за фактот дека површината на слушалките е покриена со бактерии и не треба да се делат со друг. Ако мора да ги делите прво исчистете ги добро со памукче и спреј за дезинфекција.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-07.jpg

Апостолки

Многу луѓе ги делат апостолките без да знаат дека тие може да содржат илјадници бактерии.

Спречете ги инфекциите на стапалата така што вашите апостолки ќе ги задржите само за себе.

7-sekojdnevni-predmeti-shto-doktorite-velat-deka-ne-smeete-da-gi-delite-so-drug-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg