7 чаши вода, 6 минути медитација: Едноставна формула за здрав живот

Да се биде здрав е многу едноставно – физичка активност, здрава исхрана, добар сон и уште неколку работи кои помагаат во тоа.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-01.jpg

Доколку правилно се грижите за телото и не го запоставувате здравјето, сѐ ќе биде во ред.

Постои формула за здравје која се состои од сите овие важни работи кои ќе ви бидат од корист.

Формулата се состои од следниве елементи:

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-10.jpg

9.000 чекори

Сите знаеме дека физичката активност е неопходна, но ретко кој знае кој е минимумот кој треба да се постигне за да го одржувате телото здраво.

Научниците откриле дека е најдобро дневно да правите минимум 9.000 чекори, посебно доколку не се движите многу за работниот ден.

Не е важно како ќе ги поминете, дали ќе шетате, одите по скали или ќе одите пешки до дома после работа.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-02.jpg

8 часа сон

Ова е веќе добро познат факт што досега многупати сте го прочитале, но не смее да го заборавите.

Ова ќе ви помогне да бидете одморени и да избегнете други здравствени проблеми, за разлика од оние кои спијат помалку или повеќе од 8 часа.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-03.jpg

7 чаши вода

Дури и мала дехидратација може да го промени расположението на човекот, нивото на енергија и способноста на јасно размислување.

Затоа се препорачува да пиете 7-8 чаши вода на ден, зависно од активностите.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-04.jpg

6 минути медитација

Секојдневна медитација од просечно 10 минути на ден ќе ви помогне многу за менталното здравјте. Ова е важно за оние кои постојано се вознемирени и ги мачат тешки мисли.

Сепак, почетниците може да почнат со 6 минути кои се сосема доовлни, а потоа полека да го зголемуваат времето. 25-минутна медитација пак, може да го намали нивото на стрес за само 3 дена.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-05.jpg

5 парчиња овошје и зеленчук на ден

Овошјето и зеленчукот треба да бидат вклучени во вашето секојдневно мени за исхрана. Во просек, треба да консумирате околу 5 парчиња овошје и зеленчук ако сакате да останете здрави и да го намалите ризикот на кардиоваскуларни забоувања, удари и други здравствени проблеми.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-06.jpg

4 паузи за одмор

Во текот на работниот ден, човекот не треба да се ограничува на пауза од 1 час одеднаш, туку да си го подели одморањето на 4 паузи.

Така, ќе се движите повеќе и почесто, а после паузата ќе бидете попродуктивни, па така е подобро доколку имате повеќе кратки паузи - за кафе, за ручек, за ужина и за разговор со колегите да се релаксирате.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-07.jpg

2 часа пред спиење без електронски уреди

Телефоните, таблетите и лап топот, не треба да ги користите на помалку од 2 часа пред спиење. Ова влијае негативно на сонот и нивото на стрес се покачува, па следниот ден нема воопшто да бидете наспани и одморени.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-08.jpg

1 тренинг

9.000-те чекори кои секојдневно ќе ги правите не ви пречат да правите и други физички активности. Истражувачите се сигурни во тоа дека во текот на денот треба да одвоите и минимум половина час за вежбање.

Така ќе се чувствувате многу подобро и вежбите ќе ви станат навика и рутина.

7-chashi-voda-6-minuti-meditacija-ednostavna-formula-za-zdrav-zivot-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg