5 начини како да се заштитите и ослободите од вошките
Овие мали паразитски инсекти се навистина иритантни, еве упатство како да се справите со нив.
Сигурно и вие, кога сте биле во основно училиште, сте имале некогаш фатено вошки од некое другарче во одделението, а мајка ви со часови и часови ве чистела седнати на бел чаршаф. Потоа кога вошките конечно ќе исчезнеле сосема, некој друг од вашето опкружување фаќал и сте имале траума да не фатите повторно.
Вошките се паразитски инсекти кои може да бидат најдени на главата, веѓите и трепките на луѓето. Вошките на главата се хранат со човековата крв, неколку пати на ден, и живеат блиску до скалпот.
Причината поради која главата ве чеша многу кога имате вошки е алергиската реакција предизвикана од каснувањата.
Како да се заштитите од вошките?
Не делете работи кои ви ја допираат главата
Најчестиот начин на заразување со вошки е контакт глава со глава со заразената личност и тоа додека спортувате, се забавувате, лежите заедно итн.
Иако е поретко, сепак можете да се заразите со вошки преку носење иста облека, капи, шалови и користење на исти чешли и стегачи со заразената личност.
Избегнувајте користење исти површини со заразената личност
Вошките може да се пренесат и преку површината на теписите, перниците, креветите и чаршафите.
Ако некој со кој живеете има вошки, обрнувајте огромно внимание на хигиената.
Како да ги третирате вошките?
Лоцирајте ги вошките и гнидите на скалпот
Ако мислите дека имате вошки, идентификувајте ги вошките и гнидите на скалпот. Гнидите се јајца и не се движат, па ќе ви биде полесно да ги пронајдете.
Гнидите изгледаат како ситни жолти или кафени семиња и се држат до индивидуални влакна, блиску до скалпот. Возрасните вошки изгледаат како светло кафени семки од сусам, и се движат многу брзо на скалпот и низ косата.
Дезинфицирајте ги чешлите и четките
Задолжително дезинфицирајте ги чешлите и четките со ставање да стојат во врела вода барем 5 или 10 минути.
Одржувајте го домот чист
Алиштата перете ги на високи температури, постелнината менувајте ја често и одржувајте хигиена во целиот дом.
Користете средства за вошки
Кога употребувате средства за вошки без надзор, следете ги упатствата на пакувањето.
Употребувајте лекарства само за луѓе кои имаат вошки. Не користете ги како превентивна мерка ако немате вошки.
Чешлајте ги косата со густ чешел
Откако ќе го измиете лекот, користете чист густ чешел за да ги отстраните сите мртви гниди и вошки од косата.
Поделете ја косата и полека работете на целата глава, додека не ги извадите сите видливи гниди од косата.
Кога да посетите доктор?
Доколку вошките не сакаат да исчезнат, можеби средствата што ги користите не се доволно силни, па добро е да го посетите вашиот доктор за да ви препише нешто посилно.
С. С. | Црнобело