После кафето, легнете си: Чудни, но корисни начини да си го зачувате здравјето
Медицината и науката ни нудат многу различни начини на кои можеме да си подобриме и зачуваме здравјето.
И, понекогаш можеби звучат малку чудно, но многупати ја докажале својата ефективност.
Ги собравме најчудните начини за одржување на здравјето, кои претходно сигурно не сте ги ни помислувале.
Погледнете кои се тие и одлучете кои од нив би ги практикувале:
Краток сон после кафе прави чуда
Научниците откриле дека кратка дремка после кафе има корисен ефект врз телото. Учесниците во експериментот кои по кафето спиеле, го поминале тестот за симулација на возач и направиле помалку грешки за разлика од оние кои само го испиле кафето и наводно се чувствувале одморено.
За да се постигне ефектот, препорачливо е кафето да се испие брзо и веднаш потоа да си легнат. Не грижете се ако не заспиете веднаш, а откако ќе заспиете за 15-20 минути мора да станете за да не влезете во фазата на длабок сон.
Исхраната со помалку калории предизвикува поголем апетит
Прекумерното фокусирање на калориите и нивно броење, води до негативен резултат со губење на тежината и одржувањето на оптимална тежина.
Кога преферирате ужина со помалку калории, наместо хранлив и обемен оброк, многу кратко време не чувствувате глад. Веднаш потоа, желбата за храна се зголемува и внесувате уште повеќе калории.
Ако е можно, работете стоејќи
Британско истражување спроведено со возачи на автобус и кондуктери покажало дека поминувањето цел ден на возачко седиште е многу поштетно отколку цел ден шетање низ автобус. Доколку телото пати од недостаток на движење, тоа може да предизвика негативен ефект за кардиоваскуларниот систем.
За време на работниот ден, најдобро е да ги користите сите прилики за истегнување на мускулите, на пример на пауза да прошетате и да се размрдате, а ако постои можност и нешто да сработите на нога, одлично!
Јадете лушпа од јаболко
Во лушпата на јаболкото има кверцетин состојка која има антивоспалително својство и други корисни карактеристики. Ги штити мозочните клетки од оштетување и ги спречува проблемите при учење.
Рачното пишување ги подобрува менталните способности
За менталните способности не е корисно само цртањето, туку и рачното пишување. Резултатите од истражувањата покажале дека пишувањето со рака ги развива менталните способности како координација, внимание, меморија и други. Кога пишувате за рака, за разлика од куцањето, делови на мозокот кои се одговорни за читање, исто така се активираат.
Ослободете се од алармот
Секој силен звук кој треба да нè натера да се разбудиме, го попречува сонот и го води телото кон силен стрес.
Во текот на целиот ден потоа, се чувствувате иритантно и реагира на работите многу полошо. Во иднина пак, тоа може да предизвика кардиоваскуларни заболувања, удари и невролошки нарушувања.
Затоа, навикнете се на одреден режим, на пример легнувајте си во исто време секој ден и телото ќе знае кога е одморено и ќе се навикне само да се буди.
Не го земајте туѓото мислење „при срце“
Резултатите од истражувањата покажале дека луѓето кои се смирени и го игнорираат мислењето на околината, живеат подолго. Секако, на многумина им е потребна поддршка, па вреди да се опколите со луѓе кои ќе ве инспирираат и поддржуваат во потрагата по вистинска патека.
М. М. | Црнобело