Овошје кое им помага на учениците и студентите полесно да го запаметат она што го учат
Веќе со години нутриционистите укажуваат на придобивките од секојдневно консумирање на шумско овошје, а овојпат конкретно ги истражуваа боровинките.
Богати со витамини, минерали и антиоксиданси, боровинките имаат моќ да ни помогнат во извршувањето на секојдневните обврски, како на пример учењето.
Во најновото истражување учествувале дечиња од школска возраст кои требало да решаваат задачи на компјутер, а притоа истражувачите ја следеле работата на мозокот.
Пред решавањето на задачите, дел од дечињата испиле свеж сок од боровинки.
Токму тие деца имале поголема прецизност, брзина и точност, отприлика за 10% поголеми од останатите.
Боровинките се посебно богати со витамин Ц, а сината боја ја добиваат од моќен антиоксиданс. Во себе содржат и минерали како фосфор, калиум, калциум.
Па, следен пат кога ќе се подготвувате за тест или испит – знаете што да купите во изобилие.
М. Д. | Црнобело