7 факти кои треба да ги знаете за ХПВ вирусот
HPV вирусот е во се поголем подем во целиот свет, а не не заобиколува ни нас. Ова се неколку корисни факти кои што треба да ги знаете за вирусот!
1. Инфицираните момчиња и мажи се тивки носители на ХПВ вирусот и ја пренесуваат заразата преку телесните течности.
2. Инфицираните девојки и млади жени (најчесто подложни на вирусот поради тоа што грлото на матката сеуште се развива) имаат абнормални клетки кои го носат ПАП вирусот. Девојките кои имаат сексуални односи треба да прават ПАП тест на годишно ниво.
3. Инфекцијата се задржува во организмот и почнува да се развива во рак на грлото на матката. Доколку се открие пред да зафати дел од локалното ткиво може да се излечи т.е. отстрани со минимален хируршки зафат.
4. Ризиците кои можат да доведат до ХПВ инфекција се:
- Повеќе сексуални партнери;
- Возраст до 26 години;
- Практикување на орален или генитален сексуален однос без употреба на кондом;
- Останати фактори кои можат да влијаат: пушење, користење на анти-беби пилули, како и постоење на друга сексуално пренослива инфекција во организмот.
5. Освен зајакнување на имунитетот не постои друг начин за лекување и третирање на на ХПВ вирусот.
6. Досега се идентификувани околу 130 врсти на ХПВ вирусот.
7. Превентивна имунизација е огромна предност, но не заштитува целосно бидејќи таа вакцина е наменета за заштита од 4те најопасни видови на ХПВ вирус.
Девојки внимавајте и секогаш користете кондом, бидејќи се работи за една неизлечива болест којашто може да ве соочи со многу проблеми!