9 промени кои ќе ги забележите ако престанете да јадете месо
Се чини дека дебатите за придобивките и недостатоците на вегетаријанството никогаш нема да престанат.
Секако дека секое откажување си има свои позитивни и негативни страни, но ако сте решени, вреди да пробате.
Покрај растот на моралот, во телото ќе ви се случат уште 9 работи доколку престанете да консумирате месо:
1. Ќе изгубите неколку килограми
Поточно, луѓето кои одбиваат да јадат месо за 1 месец губат во просек околу 4,5 килограми.
2. Во цревата ќе имате повеќе заштитнички настроени бактерии
Цревната микрофлора ќе се промени, односно луѓето кои консумираат храна исклучиво од растително потекло имаат повеќе добри бактерии.
3. Кожата ќе ви се исчисти
Акните и црнките ќе станат минато, бидејќи целото тело ќе се исчисти.
4. Ќе имате повеќе енергија
Веројатно омилената промена – нема да имате потреба за повеќе кафиња или дневна дремка.
5. Шансите за кардиоваскуларни болести се намалени
6. Нивото на холестеролот ќе се намали за една третина
7. Но, може да се јават недостатоци на витамини во телото
Заедно со откажувањето од месото ќе мора да вметнете вештачки суплементи во исхраната, како на пример железо, витамин Д и Б12.
8. Можно е да почувствувате губење на сетилото за вкус
Цинкот е клучен елемент заради кој сетилото за вкус ни работи беспрекорно. Во големи количини го има во школките и црвеното месо, па кога ќе ги исклучите од исхраната ќе мора да најдете добри алтернативи за да не ви ослабе сетилото за вкус.
9. На мускулите ќе им треба повеќе време за одмор
Кога сите протеини ги добивате од растително потекло, на мускулите ќе им биде потребно подолго време за одмор и регенерирање.
М. Д. | Црнобело