Совети за трчање за девојки

soveti-za-trcanje-za-devojki-povekjeКолку повеќе знаете за трчањето, исхраната, тренинзите и здравјето толку повеќе ќе уживате, без разлика која е вашата мотивација и цел.

 

Ова се општи совети за женското трчање. Советите ги покриваат сите важни области: здравје, психологија, моторика, тренинг, менструални циклуси.

 Што треба да знаете?

soveti-za-trcanje-za-devojki

  • Трчањето предизвикува специфична состојба на свеста. Единствено нешто што влијае врз тоа дали ќе успеете или не е начинот на кој размислувате за трчањето. Ако ви помага да се ослободите од стресот, согорувате калории, ја зголемувате самодовербата, тогаш не е важно дали трчате брзо или споро, вие уживате.
  • Девојките кои се спортски активни и тренираат во анаеробна зона, интервали, нагорнини, фартлег, ја зголемуваат својата сила и брзина исто како да употребиле некое недозволено средтсво, но тука нема никакви негативни последици. Ова е потполно точно бидејќи со тренирање во анаеробната зона се стимулира лачењето на хормонот за раст, а тој влијае директно на  јакнење на мускулите и брзината на трчањето.
  • Брзото трчање согорува повеќе калории од бавното, додека пак со бавното трчање се согоруваат многу повеќе калории отколку со која било друга активност. Бавното трчање согорува повеќе масти од брзото, па долку сaкате да изгубите килограми трчајте бавно.
  • Не мора да бидете врвна атлетичарка за да се пријавите на некоја трка, едноствано искористете ја таа прилика за забава, дружење, рекреација.
  • Докажано е дека девојките кои трчаат имаат дупло помали шанси да добијат рак на грлото од матката или дојката.
  • Ако трчате имате 35% помали шанси да добиете дијабетес.
  • Внесувањето на минерали е доста значајно за жените посебно железо и калциум. Железото е важно заради менструалниот циклус, а го има во житарици, спанаќ и говедско месо. Калциум има во млечни призводи, брокули, риба и др.
  • Со трчањето се разубавува кожата. Дерматолозите имаат докажано дека со трчање се забрзува циркулацијата и транспортот на хранливи материи како и исфрлањето на токсините и штетните материи кои ги создал метаболизмот.

Затоа девојки, ви препорачуваме да почнете со трчање и вежбање со Кондиционен Тренер

Би можело да ве интересира:

Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Како да препознаете пајак „црна вдовица“ и кои се првите симптоми откако ќе ве касне? Европската црна вдовица по изгледот се разликува од американската … Најчесто сим...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg