Како ќе изгледате ако не спиете една недела?
Американката Ренди Гарднер постави рекорд за максимално останување будна, без користење на стимуланси од било каков тип. 18-годишната средношколка била будна точно 264,3 часа, односно 11 дена.
Но, какви биле последиците од овој експеримент? Како изгледала потоа? Што се случило во нејзиното тело?
Иако промените варираат од тело до тело, сепак главно ова се промените кои ќе ви се случат ако не спиете цела една недела:
Прв ден
По една непроспиена ноќ, почнуваат предизвиците за телото. Ќе почувствувате главоболка, звуци во ушите, рацете ќе ви бидат студени. Меморијата е скратена, способноста за учење и внимателно слушање е на минимум и вниманието речиси да не можете да го задржите.
Втор ден
Веќе почнуваат да се појавуваат и физички видливи знаци како модри подочници, крвави очи, како и пад на температурата на телото до 35,8 степени. Зборувањето и користењето на зборови е намалено и забавено за 5 пати. Се појавува и недостаток на емоции.
Трет ден
Движењата на телото се забавуваат, секоја ситница иритира и нервира, а во главата се појавуваат чудни идеи. Апетитот е зголемен, посебно желбата за нездрава масна и солена храна, што понатаму води до нечиста кожа. Може да се појават и тикови од нервоза.
Четврти ден
Се појавуваат брчки на челото, а кожата избледува. Можно е да се појават и халуциногени привиди.
Петти ден
Физички, ликот се изобличува, бидејќи очните капаци се спуштаат, а подочниците се зголемуваат. Привидите стануваат почести, проследени со константно чувство на замор.
Шести ден
Речиси при крајот на експериментот се појавуваат нерационални стравови, параноја и лесна агресија. Работата на мозокот е забавена, мускулите почнуваат да се собираат и да слабеат. Говорот е забавен.
Седми ден
Една недела без сон сериозно може да наштети на говорот. Во оваа фаза, човекот кој не спиел не може да извршува многу активности, освен основните. Невроните во мозокот стануваат неактивни, срцето е изложено на поголем ризик од болести, а имунитетот прекинува да ги одбива вирусите.
М. Д. | Црнобело