Зошто оралниот секс со повеќе од 5 партнери е опасен по здравјето?
Една од омилените интимни активности има и своја темна страна.
Може да наброиме повеќе светли страни на оралниот секс, но за жал, кога се работи за здравјето, оваа активност е далеку од сигурна.
Сепак, мноштво љубовници честопати практицираат орален секс и кога заштитата не е ни во близина, не размислувајќи дека и преку усната празнина може да се пренесат разни полови болести.
Оралниот секс е посебно опасен кога е во прашање инфекцијата со ХПВ вирусот, открива научното истражување објавено во журналот „Annals of Oncology“. Спроведено е на примерок од 13.089 луѓе, кои се на возраст од 20 до 69 години.
Истражувањето траело цели пет години, а резултатите покажуваат дека оралниот секс всушност претставува најчестиот пренесувач на ХПВ, што пак, ја зголемува опасноста и за заболување од рак.
Притоа, воочено е дека мажите и жените што имале пет или повеќе сексуални партнер(к)и со кои уживале во оралниот секс, изложени се на многу поголем ризик од заразување со ХПВ.
Според истражувачите, идентификуван е уште еден фактор кој го дополнително го зголемува ризикот од инфекција. Станува збор за пушењето.
Имено, тие предупредуваат дека страстните пушачи се во поголема опасност од полово преносливите болести.
Кај поединците кои имале пет или повеќе партнери, но не пушат, ризикот е за 15% помал одoшто кај пушачите со сличен број на партнери.
ХПВ вирусот е поврзан со 70 проценти од случаите со рак на грлото, па не е нималку наивна болест. Бидете претпазливи и тестирајте се редовно!
М. А. | Црнобело