Здравствени причини кои можеби ви го попречуваат слабеењето
Симнувањето на килограми е чувствителна тема.
Никој не сака по стоти пат да му се каже дека тајната е диета и вежбање, особено ако диетата и вежбањето не функционираат.
Но дали сте знаеле дека одредени медицински причини може да ве спречат во слабеењето?
Еве дел од нив:
Ниско ниво на протеин
Протеинот е основна хранлива состојка која им помага на нашите тела да создаваат клетки и да ги поправаат старите. Протеинот помага во градбата на мускулите, а со тоа и во согорувањето на мастите.
Според едно истражување, луѓето кои држеле диета со помалку протеин имале значително повисоко ниво на масти во телото, отколку тие што внесувале протеин.
Хроничен стрес
Стресот може да направи нашите тела да се изместат од колосекот на многу изненадувачки и неповрзани начини.
Телото може дури да го перципира стресот како знак дека сте во опасност и да таложи екстра масти затоа што очекува дека на телото ќе му треба гориво за согорување.
Хипотироидизам
Проблемите со тироидната жлезда подразбираат и проблеми во губењето на килограмите.
Тоа е затоа што оваа жлезда и хормонот тироксин што го лачи се регулатори на нашиот метаболизам.
Намалената функција односно хипотироидизмот подразбираат забавување на телесните функции и дебелеење.
Синдром на полицистични јајници
Синдром на полицистични јајници е состојба предизвикана кај жените од преголема продукција на машки хормони.
Таа прави поместувања во менструалниот циклус и на сѐ што е поврзано со хормоните, па така и на губењето килограми.
Синдром X
Звучи мистериозно, но синдромот X подразбира состојба која погодува еден од шест луѓе.
Тој е комбинација од 3 ризик фактори: висок крвен притисок, висок шеќер и висок холестерол.
Депресија
Системите во нашето тело се поврзани, па причината понекогаш може да биде и психичка.
Луѓето што се во депресија може да качат килограми од повеќе причини, како што е прејадувањето или немањето желба за вежбање.
Менопауза
Хормоните во нашето тело се менуваат, па се менува и начинот на преработка на храната и градење на мускули во нашето тело.
Секоја жена е различна, но кај некои менопаузата влијае на килограмите.
С. С. | Црнобело