9 причини заради кои Азијците се слаби

Статистички, Азијците се најслабите и најтенките луѓе на планетата Земја.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-01.jpg

Многумина за тоа велат дека генетиката игра улога, но тоа е само делумно точно.

Најголема улога во ова играат традициите и навиките кои тие ги имаат за да бидат фит.

Ова се 9-те тајни кои ги одржуваат Азијците во форма, а не вклучуваат строги диети и вежби:

Став на јадење

Покрај квалитетот и квантитетот на храната, ставот исто така има големо влијание за изгледот на телото. Таму, храната не е само потреба, туку и забава – не е дека Азијците не сакаат да јадат, тие сакаат храна, но тоа е само средство за одржување во живот.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-02.jpg

Големина на порции

По правило, Азијците преферираат мали порции, но разновидни. Според истражувањата, потврдено е дека дури и малку да ја намалите порцијата, ќе има ефект во губење тежина.

Во експериментот учествувале студенти кои ги намалиле порциите, но јаделе што сакале, а како резултат, ослабеле по 500 грама за 2 недели, секој од нив.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-03.jpg

Техники на готвење

Рестораните со етничка кујна ги адаптираат нивните јадења според вкусот на локалното население, па понекогаш можеби изгледа дека сите јадења се многу пржени.

Сепак, тоа не е вистина – азиската кујна содржи многу пржена храна, но тоа не е најпопуларен метод на готвење – многу рецепти вклучуваат варење и готвење на пареа.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-04.jpg

Морска храна

Тешко е да се замисли азиска кујна без риба и морска храна, а покрај здравствените ефекти кои оваа храна ги има, придонесува и за губење тежина.

Експериментите од истражувањата покажале дека под исти услови, членовите во групата која добивала редовно омега-3 капсули изгубиле по 1.5 килограми повеќе од оние на кои се практикувал плацебо ефект.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-05.jpg

Многу зелен зеленчук

Како што споменавме, порциите на Азијците не им се големи, но ова не важи и за зеленчукот, посебно зелениот – тој се јаде во големи количини.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-06.jpg

Чај наместо ладна вода

За разлика од Европејците и Американците, Азијците обично ја мијат храната со топол зелен чај, наместо со вода.

Постои мислење дека ладната вода, посебно во комбинација со масна храна, го намалува варењето и го спречува процесот на слабеење.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-10.jpg

Здрави десерти и грицки

Во Азија, голем дел од популацијата ужива во слатки и грицки базирани на ориз, црвени зрна, како и јаткасти плодови, семиња и овошје. Овие ужинки се многу поздрави од другите колачи и чипсови кои ни се нас добро познати.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-07.jpg

Пешачење

Оваа навика е поврзана со густината на населението, кое често се движи со јавен превоз наместо со автомобили, а за локални потреби (како продавници, перални и други јавни места) одат пешки, па така поминуваат долга дистанца.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-08.jpg

Вежби и медитација

Традиционалната азиска медицина обрнува многу внимание на спречување болести и бара начин да го елиминира коренот на болеста.

Затоа медитацијата и другите активности и техники многу се практикуваат во Азија за да се спречи развивање на одредени заболувања.

9-prichini-zaradi-koi-azijcite-se-slabi-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg