Рани симптоми кои укажуваат на бременост, уште пред да доцни менструацијата
Помислата на бременост може да биде најубавата или најзастрашувачката, зависно од периодот во животот во кој се наоѓате.
Ако сте нетрпеливи и не можете да почекате додека да направите тест, постојат неколку суптилни знаци со кои телото ве предупредува дека во него се случуваат хормонални промени.
1. Зголемување и болка на градите. Ова е првиот знак дека се случува хормонална промена во женското тело.
2. Имате недостаток на воздух. Дел од кислородот се пренасочува кон фетусот, па со текот на времето, вие ќе почувствувате скратување на здивот.
3. Генерално ќе бидете поизморени и лесно ќе губите кондиција.
4. Ќе почувствувате гадење, посебно рано наутро.
5. Не се чудете доколку главоболките се зачестат. Прифаќањето на новото тело од страна на вашето може да предизвика непријатни болки во пределот на главата.
6. Другите болки во телото исто така не се исклучени, како на пример болки во грбот.
7. Ќе почувствувате желба за храна доцна навечер, како и почести промени на расположението.
8. Зголемениот исцедок со бела боја исто така е показател на хормонални промени.
9. Изострените сетила на мирис и вкус исто така се знак дека во вас се развива нов живот.
М. Д. | Црнобело