7 здрави семки кои треба да ги вметнете во исхраната

Со високо ниво на хранливи материи како здрави масти, протеини, влакна и аминокиселини, овие 7 типови на семки би требало да се најдат почесто на вашето дневно мени, посебно ако се придржувате до здрава исхрана и диети.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-001.jpg

Имајте на ум дека сепак не треба да претерувате, туку доволна е 1 лажичка од семките за кои ќе се одлучите да ги консумирате, за да го зачувате оптималното здравје.

1. Чиа семки

Штом почнете редовно да ги консумирате, ќе забележите зголемено ниво на енергија и регулирање на дигестивниот тракт.

Чиа семките се одличен извор на влакна, има висок процент на железо, калиум и антиоксиданси.

Една од предностите е што чиа семките го регенерираат ткивото и мускулите. Содржат калциум и омега-3 масни киселини.

Чиа семките може да ги додадете во салата, мешано овошје, јогурт или овесна каша. Потопете ги во вода или сок околу 10-15 минути. На овој начин полесно се варат и апсорбираат.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-01.jpg

2. Ленено семе

1 грам ленено семе содржи висок процент на влакна, масни киселини и магнезиум кој ја зголемува енергијата.

Голем дел од истражувањата покажуваат дека консумирањето на ленено семе може да го намали високиот крвен притисок и холестерол.

Меленото ленено семе чувајте го во фрижидер, добро затворено, бидејќи во допир со кислород се намалуваат здравите придобивки.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-02.jpg

3. Коноп семе

Хранливо и здраво семе кое популарноста ја стекна помеѓу веганите и здравствените фанатици и може да се додава во шејкови, житарки, овесни каши и салати.

Семето може да се измеша со вода или млеко.

Содржи лесно сварливи протеини и омега 3 и 6 масни киселини, антиоксиданси, влакна, минерали, витамини...

Корисни се за намалување на сувоста на кожата и косата, како и против воспаленија и подобрување на имунолошкиот систем.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-03.jpg

4. Семки од тиква

Семките од тиква се богати со протеини, железо, цинк и магнезиум, па затоа помагаат за регулирање на крвниот притисок, за зајакнување на коските и за намалување на стресот. Може да ги ублажи симптомите на проширена простата.

Варете ги во солена вода пред да ги исушите и нема потреба да додавате дополнително сол.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-04.png

5. Сусам

Семките од сусам се неверојатно богати со калциум, магнезиум, железо и цинк. Може да ги додадете во салата и во било кое јадење.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-05.jpg

6. Семки од сончоглед

Половина шолја семки од сончоглед е доволна за да го надминете пропишаното количество на витамин Е во текот на еден ден. Исто така, семките од сончоглед се моќен антиоксиданс кој штити од УВ зрачењето.

Делуваат како антидепресив, бидејќи се извор на аминокиселини.

Може да ги јадете сирови како ужина или како додаток на јадењето.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-06.jpg

7. Папаја семки

Папаја семките често ги одбиваат луѓето бидејќи се тешки за консумирање. Но, кога еднаш ќе ги откриете нивните здравствени предности, лесно ќе се навикнете.

Ако ги додадете во утринскиот шејк или ги исушите и измелете, може да ги користите како бибер.

Во традиционалната кинеска медицина се користат за детоксикација на црниот дроб.

7-zdravi-semki-koi-treba-da-gi-vmetnete-vo-ishranata-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg