Вежби за стапала со кои се намалува болката во грбот
Болките во грбот знаат да бидат многу непријатни и претставуваат сериозен здравствен проблем.
Најчесто се предизвикани од долго седење пред компјутер, неудобен душек за спиење, или пак, долго стоење на нозе.
Болките во грбот често се предизвикани и од неправилно држење на телото или носење погрешни обувки. Токму затоа, стапалата играат голема улога кај овој проблем, па важно е да ги одржуваме во добра форма.
Освен општите совети за намалување на болките во грбот, пробајте ги и овие 6 вежби за стапалата кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро:
Истегнување на стапалата
Седнете и ставете ја левата нога врз десната бутина. Фатете ги прстите од левото стапало со десната рака и истегнете ги во сите насоки. Повторете неколку пати и преминете на другата нога.
Притискање на стапалата
Застанете во стоечка положба и свиткајте ги колената. Обидете се да притискате со сите прсти на стапалата колку што можете повеќе на подот.
Оваа вежба ќе ја врати циркулацијата во стапалата и ќе ја намали болката во грбот. Најдобро е да ја правите 3 пати дневно.
Кружни движења
Легнете на под, кренете ја едната нога нагоре и правете кружни движења со стапалото од кај зглобот, околу 15 секунди. Повторете ја истата вежба со другата нога. Оваа вежба го ослободува притисокот од зглобовите, колената и половината.
Истегнувањa нагоре
Легнете на под – нозете нека бидат споени пред вас. Врзете крпа на едното стапало и кревајте го, но внимавајте колената да бидат прави. Потоа префрлете го коленото над главата и останете така 30 секунди, па повторете со другото стапало.
Истегнување на тетивите
Застанете покрај ѕид и испружете ја десната нога напред за стапалото да го допре ѕидот. Потоа свиткајте го коленото и приближете се со колковите нанапред. Останете во оваа положба 30 секунди, па повторете ја вежбата со левата нога.
Масажа на стапалата
Ова не е класична вежба, но е многу важен чекор за намалување на болките во грбот. Ставете тениско топче под едното стапало и правете движења напред-назад. Повторете и со другото стапало, а ова вежба најдобро е да ја правите секој ден по неколку минути.
М. В. | Црнобело