6 начини да го заштитите видот ако сте постојано пред компјутер
Работата на многу луѓе им е поврзана со компјутер, а многу често се случува некои луѓе и по работното време, работата пред екран да си ја продолжат и дома.
Секако сите луѓе кои се соочуваат со ваква ситуација се свесни дека тоа е штетно за очите и за видот, но едноставно немаат избор.
Или сепак имаат. Се разбира дека не треба да престанете да ја работите работата, но можете да се обидете да го намалите негативниот ефект и колку-толку да се заштитите.
Погледнете кои се правилата до кои треба да се придржувате ако сакате да го одржите видот во нормала:
Зголемете го фонтот на буквите
Малиот фонт и малите слики на екранот ве тераат постојано да замижувате и да ги оптоварувате очите, доближувајќи се до екранот. Ова брзо води до замор, а дури и главоболка. Затоа е важно да наместите прикладна големина на буквите и на сѐ со што работите.
Прилагодете ја светлината на екранот
Премногу темен или премногу светол екран исто така му пречи на видот и тера да замижувате или да ги ширите очите за подобро да видите. Затоа, наместете ниво на светлина кое е најприкладно за вашите очи.
И не заборавајте дека тоа може постојано да се менува во зависност од околината и природната светлина.
Поставете го мониторот во правилна положба
Наклонетоста на мониторот и неговата оддалеченост од вас е многу важна. Ако мора да ја подигнете или наведнете вашата глава додека работите, тоа ќе влијае и на вашиот вид, но и на држењето на телото.
- Нежно навалете го мониторот наназад, бидејќи долниот дел треба да биде малку поблиску до вас отколку горниот.
- Поставете го мониторот во средина за да не мора постојано да се вртите лево-десно.
Трепкајте почесто
Многу често луѓето што работат на компјутер забораваат да трепкаат. Како резултат на тоа, очите немаат доволно влажност. Секако, тешко е со сила да трепкате, но ако работите долго на компјутер, стекнете навика на почесто трепкање.
Користете капки
Ако повторно не трепкате доволно, користете специјални капки за очи кои ќе им ја овозможат на очите потребната влажност, но прво консултирајте се со лекар.
Одмарајте ги очите
Користете го правилото 20/20/20: секој човек треба да одмара на 20 минути, по 20 секунди и да гледа во предмети кои не се поблиску од 20 метри.
Ако работите долго на компјутер, можете оваа пауза да ја правите и на 10-15 минути по 20 секунди и секако, паузата не треба да се состои од гледање во телефон или читање.
М. М. | Црнобело