3 навики поради кои задржувате течности и се дуете

Во одредени денови од месецот е сосема нормално да се задржуваат малку течности во организмот. Понекогаш задржувањето течности се препишува на јадењето многу сол која ја врзува водата не дозволувајќи да се исфрли од телото.

3-naviki-poradi-koi-zadrzuvate-tecnosti-01.jpg

Многумина го врзуваат овој проблем со млечните производи, но ќе се изненадите колку ова мислење  е погрешно.

Кога ни пробиотиците не помагаат, проблемот поврзан со задржувањето течности и дуењето на телото ќе го пронајдете во следните 3 виновници:

Пиење газирани пијалаци

Посегнувате по омилениот газиран пијалак кога имате стомачни болки со цел да ви ги смири тегобите? Најголемата нус-појава е тоа што со газираните пијалаци буквално внесувате воздух во стомакот.

Тој воздух бара излез кој вообичаено се манифестира преку подригнување или гасови, а во меѓувреме предизвикува надуеност. Избегнувајте ги пијалаците со меурчиња по секоја цена, дури и газираната вода.

Консумирање производи со вештачки засладувачи

Бегајте што подалеку од производите кои во себе содржат вештачки засладувачи од типот на сорбитол, ксајлитол или аспартам. Покрај тоа што влијаат на зголемување на телесната тежина и го намалуваат процентот на плодност, поврзани се и со стомачни гасови, грчеви и дијареја.

Всушност, најдобро е да избегнувате каква било форма не шеќери и засладувачи, а доколку сепак не можете без слатко, одберете природен мед.

Гуми за џвакање

Сите ги имаме во чантите и прилично многу ни го олеснуваат животот кога непосредно по оброкот имаме важен состанок.

Но, џвакањето мастики ќе ви го исполни стомакот во воздух, што неминовно води до повеќе гасови. Воедно, најголем дел од гумите се џвакање содржат вештачки засладувачи, односно се без шеќер, што дополнително го влошуваат проблемот.

Иако звучи тешко, потрудете се да си носите мала и лесно преносна четка и паста за заби и проблемот е решен.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg