Опасно е да носите туѓи очила: 8 грешни верувања за видот

Има некои „факти“ кои сме ги слушнале од родителите или од бабите и дедовците, кои постојано се пренесуваат од генерација на генерација.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.jpg

За некои од нив дури и не сме се запрашале дали се навистина точни, но ги применуваме и ние и ги пренесуваме понатаму.

Како на пример тоа дека ако ставиме туѓи очила може да му наштетиме на видот, или дека премногу гледање телевизија може да нè ослепи.

Дознајте дали се точни овие стравови кои родителите најчесто ги имаат кога станува збор за видот и очите:

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-02.jpg

Кога се работи за ова, има 3 различни типови на вода:

  • Вода во бања или базен – може да биде опасна заради хлорот кој се користи, или пак во домот ако цевките се стари, може да има штетни микроорганизми во водата кои водат до иритација и конјунктивитис. Затоа во овој случај подобро е очите да ви бидат затворени.
  • Слатка вода – безбедна е за пливање со отворени очи, но само во еколошки чисти средини.
  • Солена вода – можете да ги отворите очите, но пријатното чувство ќе зависи од нивото на концентрација на сол во водата и треба постепено да ги отворате очите.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-03.jpg

Ова е еден од напознатите митови во детството. Всушност, не е возможно да ослепите од искрите при заварување, но можно е да добиете изгореници на окото. Тие што работат со ова го покриваат нивното лице не само заради искрите, туку и заради силните ултравиолетовото зрачење.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-04.jpg

Сте ги гледале ли некогаш „гејмерите“? Тие приближно трепкаат еднаш во 2 минути, иако нормалното трепкање е на секои 15-20 секунди.

Реткото трепкање може да доведе до нередовно навлажнување на очите – рожницата се суши и се појавуваат симптоми како замор, тензија во очите, главоболка и заматување на видот. Ова е единствениот познат проблем кој може некако да ви наштети.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-05.jpg

Ова не е точно. Можно е да се наследат предиспозиции за проблемот со видот, но тоа не значи дека со сигурност ќе се остварат. Тоа зависи од животниот стил, работата, навиките и стресот.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-06.jpg

Ако пред спиење гледате во телефон/телевизор/лап топ со исклучено светло, а притоа едното око ви е скриено во перница, тогаш едното око се навикнува на светлината, а другото мора да се навикне на промената на светлината.

Сепак, оваа навика не може генерално да му наштети на видот, иако сепак е добро кога гледате во екран, да имате барем малку светлина за да не ги заморувате очите.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-07.jpg

Вашиот вид нема драстично да се влоши ако само пробате нечии очила за гледање. Но, ако ги носите подолго време, а диоптерот не ви одговара, тогаш може да дојде до некои нарушувања на видот.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-08.jpg

Тешко дека навистина може да ве ослепи, но може да добиете изгореница на рожницата. За да се случи ова дури не мора ни директно да гледате во сонцето, доволно е да гледате во рефлективни површини како снег или вода.

8-mitovi-za-vidot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-09.jpg

Како што напоменавме, снегот, благодарение на неговите рефлективни својства, може исто така да биде опасен за очите. Затоа очилата за сонце може да се носат и во зима.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg