24 природни замени за апчето за глава

Велат дека болката се создава во нашиот мозок, а начинот на кој ментално реагираме на неа ја прави целата разлика во организмот.

24-prirodni-zameni-za-apceto-za-glava-001.jpg

Доколку сте од оние кои страдаат од силни главоболки и страшни мигрени, веројатно сте направиле сè што е во ваша моќ да ја смирите болката.

Секако најлесно е да се поземе по апче против главоболка, но доколку го решите проблемот на природен начин, вие станувате свој сопствен херој.

Мигрените се сериозни главоболки кои најчесто се манифестираат само на едната страна од главата и се поврзани со сензитивност на светлина, звук и мачнина.

Промената на животните навики, како на пример она што го јадење и колку спиете може да ја намали појавата на главоболки и мигрени.

Ова се само неколку природни лекови и мали трикови и навики кои може да ги испробате со цел да ја смирите главоболката и мигрената:

Масло од лаванда

Може да се употребува локално, во пределот каде што чувствувате дека ви пулсира главоболката или да го вдишете преку инхалација. Ќе почувствувате инстантно олеснување на болката.

Масло од босилек

Одличен релаксатор на мускулите кои ќе ја ослободи тензијата која ја создава главоболката, па слободно додадете го свеж во салата или користете концентрирано масло како додаток во исхраната.

Ленено масло

Богато со омега-3 масни киселини активно се бори против хроничната болка и ја намалува.

Бадеми

Изедете полна рака непечени бадеми во моментот кога ќе почувствувате дека добивате главоболка.

Елда

Богато со растителни влакна и антиоксиданти, консумирајте варена хељда за да ви ја намали главоболката.

Јога

Јогата е одличен метод да се справите со болката која го гризе вашето тело, а особено главоболките. Ќе го опуштите телото, ќе ги релаксирате мускулите и умот, а болката полека ќе исчезне.

Вежби со дишење

Кога имате главоболка, дишењето станува поплитко и поповршно. Фокусирајте се неколку минути, длабоко вдишете и издишете. Мозокот на тој начин ќе добие повеќе кислород, а болката ќе почне полека да спласнува.

Физичка активност на отворено

Не мора да го префорсирате телото, доволно е само да возите велосипед или да практикувате долги прошетки на отворено. Помеѓу чистиот воздух и ослободувањето ендорфини ќе почувствувате моментално олеснување на болката.

Чаша вода

Голем дел од мигрените се предизвикани од дехидрираност. Пиењето чаша вода може прилично да помогне во проблемот. Пијте повеќе вода, а избегнувајте ги пијалаците кои предизвикуваат дехидрираност на телото, како кафе, газирани напитоци и алкохол.

Молив меѓу забите

Доколку страдате од тензични главоболки ставете молив меѓу забите, но не го загризувајте силно. На тој начин ќе ги релаксирате мускулите во долната вилица, а тензијата ќе почне полека да попушта.

Препознајте ги причините

Многу мигрени се активираат поради специфични причини кои може да се поврзани со одреден вид на храна, светлина, топлина или одредени звуци, па дури и личности. Научете да ги препознавате и одбегнувајте ги што е можно повеќе.

Водете календар

Понекогаш мигрените се поврзани со одредени хормонални промени, па впишувајте ги во календар за да ги следите и да откриете дали се појавуваат во одреден период од месецот или годината.

Сменете го начинот на исхрана

Некои видови на храна докажано предизвикуваат главоболка, како путер од кикирики, месо со многу нитрати во составот или лебни печива. Доколку забележите дека одреден тип на храна ви предизвикува проблем, едноставно отстранете ја од менито.

Јадете на секои 3 часа

Главоболките најчесто се јавуваат поради непостојаност на шеќерот во крвта. Одржувајте го колку што е можно побалансиран и консумирајте лесни протеини на секои 3 часа во текот на денот.

Наспијте се добро

Доколку спиете помалку од 7 часа во текот на ноќта, многу повеќе сте склони кон развивање на главоболки и мигрени.

Користете мраз

Ставете го во крпа и држете го врз местото каде што ја чувствувате мигрената со цел да ја намалите болката.

Консумирајте витамин Б12

Одлично се справува со симптомите на главоболка и мигрена и ве смирува.

Масажа

Благо измасирајте го делот од главата каде што чувствувате силна главоболка, а понекогаш масажата делува и кај мигрените.

Ѓумбир

Користете свеж ѓумбир кој може да го изџвакате или додадете го во чај во моментот кога ќе почувствувате дека добивате главоболка.

Камилица

Редовно пијте чај од камилица бидејќи одлично ја смирува главоболката.

Природен јаболков оцет

Помешајте една лажица природен јаболков оцет со една лажица мед во голема чаша вода. Испијте ја и почувствувајте инстантно олеснување на болката.

Црн бибер

Измешајте половина или една полна лажичка мелен црн бибер во чаша вода кој за кусо време ќе ја елиминира силната мигрена. Доколку ви е премногу луто и ароматично, слободно додадете малку мед или лимон во течноста.

Јаболко

Јадењето едно јаболко, па дури и само мирисањето на свежо пресечено зелено јаболко докажано ја намалува болката.

Кафе

Не претерувајте со испиената количина за да не го пресушите организмот, но едно мало кафе одлично ќе се справи во главоболката која полека ќе исчезне.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
„Ме мачи мигрена – Не, тоа не е главоболка, буквално не сум способна ништо да правам“ „Мигрените не се главоболки! Пропуштив многу работи поради нив. Нормалните звуци...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg