Зошто не смее да игнорирате ако постојано ве боли целото тело?
Имате болки по целото тело и не ви е јасно зошто? Често тоа го препишувате на улежаност и замор но не мора да значи дека само тоа е причината.
Ова може да биде и како последица од фибромијалгија - мистериозна болест која докторите низ светот уште не можат да ја објаснат.
Како се појавува? Дали постои? Што е тоа?
Фибромијалгија претставува појава на хронична, широкораспространета болка, а од што е предизвикана уште не е познато.
Единственото за што сите се сложуваат е дека е време да почнете да се грижите за сопственото здравје без одложувања.
Проверете ја мапата најдолу и прочитајте ги следните симптоми кои не треба да ги игнорирате, правејќи се дека знаете што е проблемот.
Посветете 1 минута во денот на вашето здравје.
1. Имате постојани болки повеќе од 3 месеци.
2. Заморот и вкочанетоста на телото се особено изразени наутро.
3. Имате чести несоници и сонот ви се прекинува.
4. Болката на некои места на телото е поинтензивна од други места.
5. Постојано ве мачат главоболки.
6. Менструалниот циклус е многу болен.
7. Имате непријатно чувство во цревата и за време на мокрење.
8. Временските услови влијаат на вас и реагирате на топло-ладно, силни мириси или врева.
9. Температурата на телото се качува без посебна причина.
10. Имате необјасниво чувство во телото, посебно во екстремитетите – вкочанетост, горење, отекување итн.
11. Често ви се случува да ви биде тешко да се сконцентрирате и да запомните некои работи.
12. Постојано сте во лошо, негативно и депресивно расположение.
Не е болест, туку само чудно чувство
Напротив, фибромијалгијата е најчесто наручување на мускулно-скелетниот систем. Сепак има многу необјаснети прашања дури и меѓу докторите и сѐ уште е непознато од што се предизвикува.
Претставува закана само за повозрасни жени
Ова не е точно – дури и децата можат да се соочат со ова, иако ова нарушување им е дијагностицирано на луѓе на возраст во просек од 20-50 години. Да, позастапена е кај жените, но не ги прескокнува и мажите.
Не е толку лошо, болката е издржлива
Не е точно бидејќи се случува болките да бидат многу силни. Оваа болест можно е да го зголеми ризикот за удар, посебно кај младите луѓе.
Прво и најважно – посетете доктор
Само доктор може да одреди дали навистина имате фибромијалгија и да ви препише правилна терапија.
Терапија со лекови
По правило, за лекување на фибромијалгија се препишуваат аналгетици и лекови против воспаленија. Антидепресивите исто така не се исклучени.
Физичка активност, масажа и други процедури
Ова може да ја врати мобилноста на вашето тело. Во Јапонија на пример, користат криотерапија, спортот исто така е препорачлив но во умерени граници, а јогата и пливањето се исто така добар избор.
Враќање на емоционалниот баланс
Сѐ што ве ослободува од негативните чувства, депресијата и стресот, може да биде корисно – директно или индиректно. Според докторите, дури и терапија со миленичиња може да ги намали симптомите на болеста. И секако, водете целосно здрав живот.
М. М. | Црнобело